Организаторите на втората претседателска дебата препорачаа двајцата кандидати да учествуваат од две различни локации, а модераторот и публиката сепак да бидат во Мајами.
Ваквата историска промена во форматот на претседателски дебати следува откако Трамп беше дијагностициран со ковид-19, а и неколку денови ги полежа во воената болница Волтер Рид.
„Нема да си го трошам времето на лична дебата. Седење позади компјутер. Смешно! Ќе те пресечат... Нема да одам на виртуелна дебата.
Пробуваат да го заштитат Бајден,“ изјавил Трамп за Фокс бизнис њуз.
Следната дебата по распоред требаше да се одржи во Мајами, и на нејзе требаа да присуствуваат и локални жители кои требаа да им поставуваат прашања на двајцата претседателски кандидати.
Во понеделникот Бајден изјави дека тој ќе излезе на дебата со Трамп се додека докторите го дозволат тоа.