
Најдолгата војна во американската историја почна да се пренесува на генерации. Припадници на американската војска кои биле распоредени во Авганистан пред 19 години, ја предаваат мисијата во рацете на своите сопствени деца.
Поручникот Тревор деБоер отслужил три тури за она што американската влада го нарекуваше војна против тероризмот. Денес неговиот син служи во истата база.
„Кога ја започнував службата, луѓе ме прашуваа зошто тоа го правам и им одговарав дека го правам за моите синови да не мораат да ја водат истата војна,“ се сеќава деБоер.
Некои од ветераните се убедени дека сепак не било сè залудно и дека иако мали, сепак има некои промени во Авганистан. Некаде немало тоалети, сега некаде има тоалети. Но се надеваат дека барем нивните внуци нема да мора да заминуваат од дома и да доаѓаат во таа земја од истите причини.
Поради недостаток од познавање на локалните навики и вредности (некогаш се немаат ни доволно луѓе кои го зборуваат јазикот на окупираната земја), оние кои интервенираат со идеја „ќе ви направиме држава“ имаат мали шанси да ги одберат вистинските лидери на клучните позиции или да дизајнираат институции кои ќе бидат легитимни во очите на локалното население. И обично на сите напори за „јакнење на капацитетите“ и „развој на економијата“ им терцира тешка корупција, пишавме во статијата Госпожа Америка, глеј си тоа маските
*********
Види и: