Сајтови како „Resist the Mainstream“ тврдат дека ги „објавуваат вестите што меинстрим медиумите не сакаат да ги објават“, и во основа ги преработуваат и реобјавуваат вестите од американските конзервативни медиуми, вклучувајќи и теории за заговор и дезинформации околу гласачка измама.
Разликата од 2016 е што тие сега ги заобиколуваат социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер, и наместо тоа го таргетираат Парлер, сервис популарен кај симпатизери на десничарски каузи.
Авторите на студијата што ги открива велешките сајтови, објаснуваат дека сето ова нема никаква подлабока позадина отколку пари.
„Немаме причина да се сомневаме дека операторите на овие сајтови се мотивирани од што било друго освен од финансиска добивка.
Сепак, тие и понатаму профитираат од, а можеби и придонесуваат за поларизацијата на Америка,“ пишуваат истражувачите од Елекшн интегрити партнершип кои ја изработуваат студијата.