Колку чини по глас за да станеш претседател на САД?

Трамп и Бајден до сега имаат потрошено по 350 милиони долари на своите претседателски кампањи, само што процената е дека целата работа не се сведува на трка кој повеќе пари ќе фрли на избори.

Пресметката што ја прави Кварц ги опфаќа само парите што ги трошат кандидатите, исклучувајќи ги парите од партиите или од ПАК донаторите (political action committees).

По оваа математика на досегашните американски претседателски избори просекот бил следен:

Иако простата логика налага дека колку повеќе пари се потрошат, толку повеќе гласови ќе се соберат, анализата на 538 покажува дека тоа и не мора да е така, бидејќи не сите гласачи можат да бидат предомислени со фрлање пари, затоа што голем број луѓе „со децении, па и со генерации“ гласаат по партиска основа.

Ричард Лау, професорот по политички студии на Рутгерс Универзитетот за 538 објаснува дека односот меѓу парите и гласовите може да е и спротивен:

„Мислам дека поважно е што победувањето привлекува повеќе пари.“

Што се однесува на годинава, процената е дека двете страни, заедно со нивните поддржувачи во сите форми, на изборите ќе потрошат 10,8 милијарди долари.

14 октомври 2020 - 11:48