Причина за ова е што разговорот и фокусот околу пластичниот отпад речиси ексклузивно е на рециклирањето а не на намалувањето на користење и повеќекратно користење.
Во 1980-те индустријата за пластика станува еден од главните негативци. Стравувајќи од комплетна забрана за користење пластика, производителите се решаваат на рециклирањето како начин за подобрување на имиџот на својот производ, па почнуваат пластиката да ја обележуваат со сега сеприсутниот триаголник со зелени стрелки и бројка во средината.
„Разработувањето на рециклирањето беше начин за пластиката да се задржи на пазарот,“ објаснува ветеранот од индустријата за пластика, Роналд Лисмер, кој бил задолжен за надзор на иницијативата за рециклирање.
Ставот на Лисмер го поддржуваат и голем број експерти интервјуирани за документарецот „Plastic Wars“, според кои иако симболот означува дека некоја пластика можела да се рециклира, никогаш немало економски оправдан начин за рециклирање на најголем дел од пластиките, па затоа тие на крај завршуваат на отпад.
„Ако јавноста смета дека рециклирањето функционира тогаш тие нема да бидат загрижени околу животната средина,“ изјавува уште еден експерт во документарецот.
За да си го решат својот проблем, но не и на планетава, голем број отпади кои не можат да ја рециклираат пластиката, во 1990-те почнуваат да ги продаваат своите залихи на Кина. Според луѓе вклучени во трговијата, Кина купувала „сè што и приближно наликува на пластика.“
Меѓутоа ваквиот масовен увоз никогаш не се претворил во масовна преработка, туку Кинезите го користеле само она што им треба а остатокот го фрлале. Затоа што и ним почнува да им се создаваат неупотребливи планини со пластичен отпад, во 2018 Кина конечно забрани увоз на пластичен отпад.
Во 2020, речиси 60 години откако прв пат се крена галама околу пластичниот отпад, се уште главниот фокус и одговорноста паѓа на потрошувачите кои треба да рециклираат, а не на претераното производство од индустријата. Според документарецот, производството на пластика до 2050 се очекува да се зголеми за три пати во однос на денешното.
Целиот документарец: