Луѓето со слаба нумеричка писменост се поподложни на лажни вести за ковид-19, се заклучува од една студија изведена на основа на пет национални истражувања кои ја рефлектирале возрасната и родовата структура на тие земји.
Истражувачите од Кембриџ сметаат дека ваквите наоди сугерираат дека е можно со подобрување на аналитичките вештини на луѓето, во некој момент да се сопре пандемијата на лажни вести во врска со коронавирусот и глобалната здравствена криза.
Истражувањата биле спроведени во Ирска, Шпанија, Мексико, САД и Велика Британија, нумеричката писменост била евалуирана со три теста а на испитаниците им биле давани и различни искази поврзани со ковид, од точни до комплетно лажни.
Со студијата се утврдило дека најконзистентен индикатор колку некој ќе поверува во лажна вест околу ковид е неговата нумеричка писменост, односно способноста да дижестира и употребува квантитативни информации. Истражувачите порачуваат дека во секој случај постојат и други фактори, како што се логичките капацитети или идеолошките предрасуди.
Интересно е што оваа студија утврдила дека постарите луѓе се помалку подложни на лажни вести за ковид-19, што е опозитно на некои претходно утврдени мостри за нив, особено во контекст на избори.