Сквер само што купи 50 милиони долари во биткоин

Компанијата за финансиски услуги основана од првиот човек на Твитер, објави дека купила 4.709 биткоини со вкупна цена од 50 милиони долари. Инвестицијата изнесува речиси 1% од поседот на компанијата.

„Веруваме дека биткоин има потенцијал да биде многу по сеприсутна валута во иднина. Како што расте нејзиното прифаќање нашата цел е да учиме и да учествуваме на дисциплиниран начин,“ изјави финансовата на Сквер, Амрита Ахуџа.

Пред две години Сквер овозможи нивната апликација за мобилно плаќање Кеш ап да поддржува тргување со биткоин, дури и за корисници без банкарска сметка. Во 2019 тие го стартуваа Сквер Крипто кој доделува грантови на биткоин девелопери.

Како резултат на овие потези, во август компанијата објави дека приходите од трговија со биткоин на Кеш ап пораснале за 600% во однос на претходната година и изнесуваат 875 милиони долари. На криптовалутата отпаѓа речиси половина од вкупните продажби на Сквер од 1,92 милијарди долари.

Откако Сквер ја објави својата нова инвестиција, цената на биткоинот порасна за над 2% и сега изнесува 10.900 долари.

9 октомври 2020 - 10:34