Руски училишни тестови: Киднапирање

Училиште во Сибир од чиста мира (барем за учениците и јавноста) решава да почне општа симулација на упад во училиштето на вооружена група и земање заложници од учениците.

На видеото објавено на ВК, се гледа како вооружената група упаѓа во училница со петтоодделенци и им наредува сите да ги стават рацете на глава и да лежат на клупи.

Откако цела Русија, заедно со учениците, беше извадена од памет од ваквиот потег, од училиштето објаснија дека всушност биле добронамерни и дека тоа го направиле за да го одбележат Денот на солидарноста во борбата против тероризмот, кој Русија го воведе по опсадата на училиштето во Беслан.

По ова, обвинителството го прогласи училиштето во градот Ишим за виновно за нарушување на правата на децата на образование. Директорот на училиштето е казнет со 10.000 рубљи (130 долари),а самото училиште со 50.000 рубљи (650 долари).

Претходно, во 2018 единици на руската Национална гарда и Козаци одиграа слична симулација на заробување и ослободување заложници во регионот Екатеринбург. Тогаш и родителите присуствуваа и сите беа свесни за симулацијата.

9 октомври 2020 - 16:12