„Буквално го спаси христијанството. Во тек е отворена војна против верата во земјава што ја води другата страна.
Демократската партија, крајната левица, стана партија на атеистите. Тие сакаат да го напаѓаат христијанството, сакаат да затвораат цркви, сакаат - целосно немаат проблем со тоа продавниците за алкохол да се отворени - ама сакаат да ги затвораат црквите низ цела земја,“ изјавил Ерик на едно радио интервју во Северна Дакота.
Ова се однесува на инсистирањето на одредени демократи црквите, заедно со училиштата, фирмите и другите не есенцијални простории, да бидат затворени или да останат отворени со ограничен капацитет во време на ковид-19 пандемија.
Кога во мај се одлучуваше што треба да се затвори Трамп побара верските објекти да останат отворени. Меѓутоа ова не направи некоја разлика на терен бидејќи одлуката за тоа паѓа на гувернерите и на локалните власти.