Научници од Австралија регистрирале дека кај луѓето, во кратки временски интервали почнале да се случуваат неколку промени кои укажуваат дека човештвото минува низ „микро-еволуција,“ пренесува Индепендент.
Проф. Теган Лукас од Универзитетот во Аделаид вели дека човечките лица стануваат пократки заради промени во нашата исхрана. А помала вилица значи дека во неа има место за помалку заби.
„Тоа се случува заради промените во на исхраната и користењето процесирана храна. Сè поголем број луѓе се раѓаат без умници,“ вели таа.
Екипата утврдила и дека сè поголем број луѓе се раѓаат и со дополнителни коски во нозете и рацете како и со необични врски меѓу две или повеќе коски на стапалата.
Истражувањето покажува и значајно зголемување на постоење на медијална артерија. Таа артерија се формира во текот на развојот на фетусот и е главен снабдувач со крв на дланката и подлактицата но во текот на бременоста исчезнува а нејзината функција ја преземаат други две артерии, уларната и радијалната.
„Нејзина присутност кај луѓе родени на средината на 18-от век била 10 проценти а денес е 30% што е значајно зголемување кога се работи за еволутивни промени,“ вели Лукас.
Ако овој тренд продолжи, до 2100 година повеќето луѓе ќе имаат медијална артерија.