
Ваквиот статус следува откако двајца затворски полицајци од Оклахома се обвинети дека ги изложувале затворениците на „нехумана“ казна - присилно слушање на „Бејби шарк“ на рипит.
Најмалку четворица притвореници морале да ја слушаат песната со часови. За разлика од цели легии родители во безизлезна состојба, овие четворица биле со лисици на рацете и не можеле да напуштат.
Намерата на полицајците, двајцата по 21 година, била да ги дисциплинираат затворениците и да ги научат лекција, ем им било интересно.
Сепак, судот заклучил дека постојаното пуштање на „Бејби шарк“, песна со над 6,8 милијарди прегледи на Јутјуб, довела до „претеран емоционален стрес на затворениците кои најверојатно веќе страдале од телесен стрес.“
Двајцата полицајци си дале оставка уште за време на истрагата околу жалбата, а казнет е и нивниот претпоставен затоа што знаел за целата работа.