Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Нешто мирно се случува меѓу Пакистан и Индија

Од делот од планетава кој има нуклеарен капацитет да стави крај на сè на планетава, доаѓа вест која изминативе години престанавме да ја очекуваме да дојде од било каде, а посебно од Пакистан и Индија.

Путин: Кој си вика, за себе си вика

Коментарот на Путин околу ставот на Бајден дека рускиот претседател е убиец, е дека тоа е само одраз на минатите и сегашни проблеми на САД.

Трамп е жив зијан што беше претседател

За време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа, личното богатство на Доналд Трамп доживува стрмоглав пад. Човекот сега тежи 700 милиони долари помалку отколку пред да дојде на функција. Ви текнува ли на некој наш кој не-ко-гаш излегол од политика со помалку пари отколку што влегол? Да, глупости прашуваме.    

Берни Сандерс како стар синдикалец му се пушти на Џеф Безос

„Ти вредиш 182 милијарди долари... зошто правиш сè што можеш за да ги спречиш твоите работници да направат синдикат?“ запраша американскиот сенатор за време на сослушувањето на кое требаше да присуствуваат Џеф Безос и Елон Маск.

Зошто експертите за безбедност на вакцини кренаа рачна на вакцината на Астразенека

До сега дваесетина европски држави привремено го стопираа користењето на вакцината на Астразенека, што во пракса само дополнително ги напна односите меѓу експертите за безбедност на вакцини и одговорните за јавно здравје кои стравуваат дека ова ќе го зголеми бројот на жртви на пандемијата.

Како Косово доби скап автопат кој не му треба?

Американска градежна фирма добива проект за изградба на автопат на Косово, иако ММФ и Светска банка велат дека таков автопат е економски неисплатлив. Погодете каде ја завршува кариерата тогашниот американски амабасадор во Косово кој отворено навива за автопатот?

Бајден го прогласи Путин за убиец

Во интервју за Еј-би-си, американскиот претседател се согласи дека рускиот претседател е убиец, и дополни дека веќе му има кажано на Путин дека „ќе плати“ за мешањето во американските избори.

Советизација на американскиот печат

Човек што читал стари комунистички весници не може да не се згрози или бар да не се преврти од смеење со каква тоа сериозност и бесрамност се фалеа некогашните најголеми синови на народите или Партијата која е исто со народот. Кој можеше да помисли дека тој стил денес ќе се чита во американскиот печат? 

Дејли Телеграф сака да им плаќа на новинари по кликови

Популарноста на текстовите објавени на сајтот на Телеграф ќе биде една од основите што ќе ја одредува платата на новинарите во британскиот медиум.

Италија започна истрага за убиство по смртта на човек вакциниран со Астразенека

Истрагата е започната откако 57-годишен маж умира само неколку часа по вакцинирањето со контроверзната вакцина на Астразенека.

Гугл документи, како Вашингтон одби на време да го запре Гугл

Јануари 2013 беше еден од клучните моменти во битката меѓу Вашингтон и Силициумската долина кога луѓето назначени од Обама за спречување монопол одбија да покренат обвинение против Гугл и покрај сите информации што ги имаа.

Мирко Ковач: Кукањето е претфашистичка состојба

Диктаторите беа погодени повеќе од сатирата отколку некакви длабоки и паметни текстови кои ја анализираа нивната беда. Сега планот на сатирата, планот на хуморот, е покосено поле. Наместо луѓето да се ругаат, сега кукаат, а тоа е веќе последниот стадуим.

Протестите против воената диктатура во Мјанмар стигнаа до 140 убиени

Само за викендот војската застрела 56 демонстранти, и додека Западот „најостро го осудува насилството“, воената хунта прогласи воена состојба во дополнителни делови од Мјанмар.

Ватикан: не значи не, за геј бракови

Во долга изјава која на кратко се сведува на тоа дека Господ „не и не може да благослови грев“, Ватикан го потврди својот став околу исто-половите бракови за сите што имаа некоја дилема околу тоа.

Руското „ако е не сакајќи не се важи“

Во долниот дом на Думата мина предлогот со кој се главно се простува корупција кој се случила не сакајќи, и ги опфаќа речиси сите што работат државно.

Истрага за едно кралско на-ти-го-дај-ми-го од 100 милиони долари

Во 2008 тогашниот саудиски крал му префрлил 100 милиони долари на тогашниот шпански крал како подарок, на фондација основана чисто за тој трансфер и на име на Карлос.

Биткоинот има нула суштинска вредност

Критичарите на биткоинот велат дека тој нема никаква вредност сам по себе, меѓутоа тие што го бранат... всушност... голем број од нив се согласуваат со ова. И тоа може да те прави нервозен ако си со голема инвестиција во биткоин или мислиш да влегуваш во тоа за прв пат.

Што се случи со истрагата на СЗО за потеклото на ковид-19 во Кина?

Најголемото олеснување што денес се чувствува е што може отворено да се зборува за потеклото на ковид-19 (дали е од лабораторија или од животно...) без притоа да звучиш како да го поддржуваш и цитираш Трамп. Кога СЗО тргна со истрагата во Вухан целта беше непогрешливо да се утврди потеклото. Целта, за сега, не е постигната.

Можеби ги запустивме нашите држави ама па ја изградивме Германија

Западен Балкан има инјектирано преку 200 милијарди евра во германската економија, преку образованието и оспособувањето на млади работници кои се преселиле таму меѓу 2009 и 2017 година. Така и ќе остане сè додека ЕУ не почне да го третира Балканот како партнер а не како магацин за резервни делови.

Мамфорд го избркале гитаристот зашто станал десничар

Мамфорд енд санс се собрале и решиле дека после 14 години поминати заедно, за гитаристот и бенџоист Винстон Маршал веќе нема место во бендот. Многу нагнуел накај десно.

4-ти јули, денот на американската победа над ковид-19

Бајден објави план за борба против пандемијата кој предвидува дека САД на Денот на независноста ќе може да ја „обележи независноста“ од ковид-19, што би значело до тогаш да бидат вакцинирани сите над 320 милиони Американци.

ЈПГ фајл само што е продаден за 69 милиони долари како уметничко дело

Продаденото дело се вика „Everydays — The First 5000 Days“ и е на Мајк Винкелман, на Инстаграм познат како @beeple_crap, и буквално е слика во .јпг фајл кој се разликува од сите други .јпг фајлови по тоа што е создадена како НФТ (nonfungible token / NFT).

Монти Пајтон и Светиот Рокенрол

Познато беше дека „Житието на Брајан“ постои благодарејќи на маестралниот потег на Џорџ Харисон да ја заложи својата куќа за да го финансира филмот. Сега еден Пајтоновец открива како други рокери со свои пари помогнале да се појави еден друг нивен филм.

Русите претераа кога го блокираа Твитер

Да не биде ширење стереотипи ама руската блокада на Твитер излезе дека е направена по принципот - кого удрам не жалам.