Сандро Тоњати, е вакциниран во саботата на пладне, и според сведоштвото на сопругата, вечерта си легнува со силна треска. Таа следното утро вика Брза помош, меѓутоа кога доаѓаат докторите, Тоњати веќе е починат.
Италијанската агенција АНСА објавува дека обвинителството во Пиемонте, регионот во кој живее Тоњати, отворило истрага околу смртта за да бидат „комплетно сигурни“ дека смртта не може да биде припишана на вакцинирањето.
Чиста превентивно италијанските власти заплениле и тргнале од употреба речиси 400.000 дози од вакцината на Астразенека кои биле од истата пратка од која е вакциниран Тоњати. Ројтерс ги пренесува италијанските медиуми според кои во прашање е пратката - ABV5811. Претходно италијанската агенција за лекови, Аифа, го забрани користењето на Астразенека вакцини од пратката - ABV2856. Оваа одлука следуваше по смртта на двајца мажи од Сицилија.
За сега властите инсистираат дека нема директна врска меѓу смртта на Тоњати и вакцинирањето.
Астразенека, која ја разви вакцината заедно со Универзитетот Оксфорд, и понатаму инсистира дека нивната вакцина е безбедна, а за ова има поддршка и од СЗО.
Вакцината на Оксфорд/Астразенека се уште не е одобрена за користење во САД, а во меѓувреме нејзината употреба беше стопирана во десетина држави од ЕУ.