Надворешните аналитичари забележаа дека утрово сообраќајот кон рускиот државен интернет провајдер Ростелеком е значително паднат по воведувањето на блокадата на Твитер. Тоа што ги почуди е дека падот на сообраќајот е далеку поголем од просечниот сообраќај на Твитер во Русија.
Излезе дека луѓето во Роскомнадзор, како што тоа професионално се води, „утнале една запирка“ па во намерата да го блокираат сервисот на Твитер за скратување линкови „t.co“ тие блокирале сè што ја содржело оваа комбинација.
Па така, вчера биле забавени сајтови како reddit.com, microsoft.com, па дури и државната телевизија rt.com. Тоа што отворањето на овие и сите домејни било забавено значело и поспоро работење на државни и сите други сајтови кои повлекуваат некои информации од сајтови со „t.co“ во своето име.
Инаку казната за Твитер доаѓа заради тоа што не успеал или не сакал да избрише содржини кои се нелегални во Русија, како само наштетување, сексуализација на деца или поттикнување деца да се приклучат на руските опозициски протести.