Меѓу метриките кои ќе се собираат за успехот на новинарите, и колкава плата треба да добијат, се колку претплати донеле нивните текстови и колку кликови имале, со цел да се „поврзат резултатите со наградата“.
„Правично е оние кои привлекуваат и задржуваат најголем број претплатници да бидат најмногу платени,“ изјавува уредникот на Телеграф, Крис Еванс.
Тој признава дека деталите околу целиот систем ќе бидат „комплицирани“ заради што „не сме подготвени за да го спроведеме тоа... за сега.“
Новинари од Телеграф изјавиле дека менаџментот се обидел сите да ги убеди дека ова е „експериментално и ништо страшно“.
„Сите се надеваат дека ова е само една од лудите идеи кои со тек на време ги снемува. Сите се гневни. Луѓето се чувствуваат компромитирани,“ изјавува еден од новинарите.
На самите новинари им е јасно дека одредени теми (кралското семејство, корона, големи политички скандали) носат големи бројки, ама најголемиот дел од новинарите се „на милост на уредниците и не е нивна вина ако им се дадени досадни работи за пишување“.
На објаснувањата на менаџментот дека целата ситуација е комплетно погрешно преставена, и дека единствената цел е да се „утврди за што би платиле и би продолжиле да плаќаат интелигентните читатели, што е спротивно на кликбејт,“ ставот на новинарите е:
„Тој може да збори што сака, реалноста е дека претплатите зависат од сториите од кои на луѓе им излегува пена на уста. Ова сериозно ќе ги извитопери уредничките приоритети.
Замислата дека јас сум казнет а во меѓувреме колумнист кој пишува за воук културата добива бонус, е навистина проблематична. Ако правиш рецензии или пишуваш за екологија, толку од тебе.“
Телеграф веќе има 600.000 он-лајн претплатници, од кои 150.000 се од 2020. Планот им е до 2023 да стигнат до 1 милион претплатници.