За време на неговото претседателствување, вкупното богатство на Трамп паднало за 700 милиони и сега изнесува 2,3 милијарди долари, вели последниот индекс на милијардери на Блумберг.
Главен виновник е пандемијата која жестоко удри по неговото богатство бидејќи такво му е бизнис портфолиото: неговите деловни облакодери, брендирани хотели и резорти претрпеа огромна штета од ковидот, затворањата и променетиот начин на живот.
Пад на приходите има и кај неговата авио - флота во која има и Боинг 757 но леталата му стареат и губат на вредност. Занимливо е што Трамп книжи загуби има и кај голф-терените иако во време на пандемијата неговата популарност се зголеми поради тоа што голф може да се игра и по новите правила за социјална дистанца.
Блумберг анализирал финансиски податоци од мај 2016 до јануари 2021 и врз основа на нив дошол до проценка дека неговите комерцијални недвижнини доживеале пад на приходите од 26%.
Удар за Трамп беше и тоа што Дојче банк, единствената банка која беше расположена да му дава кредити по неговите банкроти во 90-тите години, по последните БЛМ протести во САД реши дека ѝ е доста од тој клиент.
„Разликата меѓу американски и македонски политичари е во тоа што за првите, нивниот мандат е сеидба за подоцна евентуално да пожнеат пари од својата популарност. За македонските, жетва е самиот мандат, пошто после неговото завршување, и онака никој не ги ферма“, пишавме во статијата: На Обамовци им тргна: од 1,2 милиони на 40 милиони долари.
********
Види и:
Дојче банк планирала да почека со присилната наплата на кредитот на Трамп
Може ли Дојче банк да пропадне?
Камерон најде начин да ќари на Брегзит