Без да навлегува во тоа дали банката знае нешто што ние другите не знаеме, Блумберг објавува дека тие сакале рокот да го префрлат на 2025, што опфаќа и потенцијален втор мандат на Трамп.
Ваквиот потег бил планиран со цел да се осигура дека Трамп организацијата нема да заврши со блокирана сметка додека Трамп се уште е во Белата куќа. Блумберг пренесува изјава на луѓе од извршниот борд на банката кои „се плашат од потенцијалната ПиАр катастрофа со која би се соочиле кога би тргнале да запленуваат имот на актуелен претседател“.
На крај решението што го избира Дојче банк е да се продолжи со редовната наплата на ратите од кредитот, меѓутоа да не се влегува во нови бизниси со Трамп организацијата се додека Трамп е претседател.