Откако Барак и Мишел Обама ја напуштија Белата куќа на почетокот на 2017 година, брзо потпишаа договор со издавачкиот гигант Рендом Хаус кој им даде аванс од 65 милиони долари за две книги, по една од двајцата.
Прва домашното го напиша Мишел чија книга („Becoming“) излезе во декември и веќе е продадена во 3,4 милиони примероци и донела речиси 70 милиони долари бруто приход.
И самиот аванс за нив беше рекорден: Клинтон имаше добиено 15 милиони а Џорџ Дуплове Буш само 7 милиони долари за неговите мемоари.
Своевремено CNN утврди дека пред да влезат во Белата куќа, Барак и Мишел Обама имале заеднички имот од 1,2 милиони долари. Последните проценки се дека двајцата тежат 40 милиони долари.
По завршување на мандатот на Обама, Универзитетот во Вашингтон објави своевидно резиме на заработките на поранешните американски претседатели во кое беше вклучена прогноза дека Барак и сопругата имаат потенцијал да заработат вкупно 242,5 милиони долари.
Тие уште не се префлиле во полно темпо на една од најдоходовните тезги на поранешните државници, држењето говори и предавања по самити и собири, за кои се исплаќаат стотици илјади долари хонорар а во што едни од шампионите се Клинтон и Блер.
******
Види и: