Еден од најмоќните пакистански генерали Камар Џавед Баџва ја повика Индија „да го закопаат минатото и да се свртат кон иднината“. Изјавата на генералот доаѓа само еден ден откако премиерот на Пакистан го повика Њу Делхи на мир преку решавање на проблемите во Кашмир.
„Подготвени сме да ја подобриме нашата средина со решавање на сите горливи прашања со нашите соседи преку дијалог.
Меѓутоа за да продолжи мировниот процес преку суштински дијалог, нашите соседи мора да создадат погодна средина,“ изјавил генералот.
Тежината на изјавата на Баџва, е што армијата повеќе од половина од независноста владее со Пакистан, а се уште има доминантна улога во одлуките на пакистанската влада околу надворешните работи и безбедноста.
Двете нуклеарни сили имаат водено три војни откако ја стекнуваат независноста од Британија во 1947, од кои две се за Кашмир. Хималајскиот регион е поделен меѓу двете држави, меѓутоа и двете тврдат дека треба да им припаѓа во целост.