Запрашан околу забелешката на Бајден, Путин одговара дека таа има „длабоко психолошко значење во себе“:
„Ние секогаш во другиот човек ги гледаме нашите лични квалитети и сметаме дека тој е ист како нас.“
Рускиот лидер потоа надополни дека коментарите на Бајден се поврзани со историјата на САД и со масакрирањето на домородните Американци и со ропството. Тој порача дека нема да ги прекине врските со Вашингтон заради изјавата, меѓутоа ќе работи со САД само под услови кои се од корист за Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ги опиша коментарите на Бајден како „многу лоши“, објаснувајќи дека тоа покажува дека Бајден нема намера да ги подобри односите со Москва.
Руското министерство за надворешни работи вчера го повика рускиот амбасадор во Вашингтон, официјално „за да разговараат околу одговор“.