Есапот за загинати го водат Обединетите нации, а бројката е од почетокот на февруари кога војската ја презема власта во земјата. Најголемиот дел од загинатите се во Јангон, најголемиот град во Мјанмар.
Како не би се ширеле протестите, освен што е проширена воената состојба, војската им нареди на телекомите да го блокираат целиот мобилен интернет на државно ниво. Делот со воената состојба и дава основа на војската да пука во насобраните граѓани, без разлика што нивните протести се мирни.
На 1 февруари војската ја презема власта во земјата, по неколкумесечни обвинувања дека победникот на изборите во ноември ги добил изборите преку измама.
Војската тогаш вети дека ќе одржи нови избори но не закажа датум. По пат беше затворена и 75-годишната Аунг Сан Су Чи, претседателка на победничката партија и добитничка на Нобеловата награда за мир во 1991. Аунг Сан Су Чи треба пред судот да одговара по четири обвиненија, вклучувајќи нелегално користење на токи-воки и прекршување на анти-ковид протоколите.
Откако добива независност од Британија во 1948, најголем дел од времето со Мјанмар владее тамошната војска.