„Безос и Маск сега поседуваат повеќе богатство од најсиромашните 40% од Американците. Во меѓувреме во Америка има повеќе гладни отколку кога и да било во изминативе децении.
Ако беше со нас, ќе го прашав следново прашање... г-дине Безос, вредиш 182 милијарди долари. Сто осумдесет и две милијарди долари, ти си најбогатиот човек на планетава. Зошто правиш сè што е во твоја моќ за да ги спречиш работниците од Бесмер, Алабама, да се организираат во синдикат?“ изјавил Сандерс за време на сослушувањето.
Токму обидот за формирање синдикат на работниците на Амазон во центарот за пополнување нарачки во Бесмер беше главна точка на судир меѓу најголемата он-лајн продавница на светот и Синдикатот на малопродажба, големопродажба и стоковни куќи. Амазон агресивно ги притиска своите работници да гласаат против влегувањето во синдикат и да го задржат својот статус-кво.
Уште еден аргумент на Берни е дека Безос станал 77 милијарди долари побогат за само една година за време на пандемијата, додека во исто време одбива на илјадниците свои вработени да им даде платено боледување.
Безос беше поканет да присуствува на расправата, меѓутоа одбил да дојде.
Њујорк тајмс има цела репортажа за тоа како Безос и Амазон се борат против синдикатите.