Истрага за едно кралско на-ти-го-дај-ми-го од 100 милиони долари

Во 2008 тогашниот саудиски крал му префрлил 100 милиони долари на тогашниот шпански крал како подарок, на фондација основана чисто за тој трансфер и на име на Карлос.

Шпанскиот јавен обвинител, Ив Бертоса, за случајот интервенира кај Швајцарците и од нив бара мислење за тоа дали исплатата од починатиот саудиски крал Абдула претставува кривично дело според саудискиот закон.

Барањето на Бертоса следува само еден месец откако шпанскиот Врховен суд објави дека ќе започне истрага дали некогашниот крал Хуан Карлос, кој абдицираше и изгуби имунитет од гонење во 2014, може да биде обвинет за криминал поврзан со проектот за брз воз во Саудиска Арабија, кој го доби шпанско-саудиски конзорциум.

Бертоса првично официјално се обраќа до Швајцарскиот институт за компаративно законодавство од каде треба да добие мислење за случајот. Бидејќи станува збор за меѓународен случај швајцарското обвинителство првично утврдува дали во Швајцарија и во државата која е во прашање постои споредлив прекршок, пред да започне со истрагата. Според документите од институтот, ваков прекршок постои и во Швајцарија и во Саудиска Арабија.

Ваквото вмешување на Швајцарија во истрагата е посебно непријатно за алпската држава, која на крајот од 2019, по официјални бројки чуваше 464 милијарди долари од „блискоисточни инвеститори“, и која секој јули и август е традиционален домаќин на саудиското кралско семејство, кое е таму (во вили околу Женевското езеро) дур кај нив дома да минат пеколните пустински горештини.

Официјално парите од Абдула за Карлос се во знак на благодарност за тоа што помогнал во „организирање на конференција во Мадрид за религиозно разбирање“. Минатата година Бертоса во писмо до шпански суд, „повлекол директна врска“ меѓу договорот и саудиската исплата, наведувајќи дека победничката понуда дала попуст од 30%.

15 март 2021 - 13:38