Вести

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Речник

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Како бумерите ја зафркнаа Европа

Европските бејби-бумери наследија континент кој се обновуваше по војната. Усвоија системи на дарежливи пензии, потпирајќи се на демографските трендови кои оттогаш исчезнаа. Денешните баби и дедовци зад себе оставаат континент на кој му треба ремонт по штетата што тие самите ја предизвикаа. И не се гледаат големи шанси дека овој систем брзо ќе се промени.

Кинеска против НАТО авијација: 9-0

Кинеските ловци девет пати во низа ги победиле најдобрите европски авиони во симулирани дуели. Резултатот од 9-0 се прифаќа со блага резерва, но сепак претставува успех за кинеската воздухопловна индустрија, која продава ловци на Блискиот Исток. Ништо ново за еурофајтерите, со кои се опремени европските земји од НАТО. Тие редовно губат и од американските Ф-35.

Израел тивко охрабрува напади врз христијаните

Израелски војник со токмак удира во статуа на Исус. Друг со булдожер урива статуа на Свети Ѓорѓи. Доселеник турка и клоца калуѓерка на улица во Ерусалим. Нападите врз христијани во Израел достигнаа критична ниво, но обично поминуваат неказнето како „изолирани инциденти“. Тоа уште повеќе охрабрува религиски екстремизам кон сите што не се од „избраниот народ“.

Трамп сака да ја замолчи администрацијата

„Најтранспарентна“ администрација на Трамп им забрани на новинари пристап до Пентагон, спроведе полиграфски тестови за да открие протекување информации и ги отпушти независните инспектори за лов на корупција. Сега најави уште еден обид да го спречи слободниот проток на информации - сите федерални работници да потпишат договор за неоткривање информации.

Гигантите на ВИ се вртат кон хуманоидни роботи

Силиконската долина помина неколку години учејќи ја вештачката интелигенција да зборува. Најголемите компании сега сакаат да ѝ дадат тело за да крева, сортира, да гради и да влезе по домовите. Лаборатории се тркаат да изградат хуманоиди, специјализирани роботи и софтверски мозоци што би ги наведувале автономно во реалниот свет.

Доаѓа нафтена криза

Трамп помина три месеци во обиди да го натера, да го поткупи или да го бомбардира Иран за да го отвори Ормускиот проток, кој практично самиот го затвори со безумното објавување војна. Непријатната реалност е дека алатките што сега ги има на располагање или се премногу бавни за да бидат важни, или се премногу скапи за да се употребат или веќе се испробани и неуспешни.

Во Германија затворија 65.000 дуќанчиња

Бројот на мали дуќани во Германија драстично се намалил во изминатите две децении. За тоа постојат низа причини, но главната е конкуренцијата од големите и побогати продавници. Сопствениците сè почесто банкротираат, но страда и целиот град, кој го губи својот идентитет, паралелно со поскапиот живот и огромниот скок на криминалот.

Медицинско киднапирање во Канада е легално

Николас Вагтер познат и цититан автор и доктор по биофизика. Според канадските закони за психијатриска интервенција бил насилно приведен откако стана премногу гласен за институционалната корупција, заштитата на патентите и сомнителните механизмни во финансиските системи. Канадската влада го замолчи со насилно примање во психијатриско одделение.

Ако иднината се електричните коли, лидерот е - Етиопија

Електричните коли полека пуштаат корени во Етиопија, првата земја во светот што забрани увоз на возила со погон на фосилни горива. Потегот беше логичен. Сиромашната земја со 140 милиони жители купува скапа нафта, а има струја и за извоз. Ова се покажа особено полезно откако војната во Иран го запре извозот на гас и нафта и предизвика глобална енергетска криза.

ЕУ полеснo ќе депортира мигранти

Европските пратеници и членките на ЕУ усогласија нови мерки за побрза и поефикасна депортација на мигрантите на кои им е одбиено правото за азил или останале подолго отколку што им дозволува визата. Властите добиваат пошироки овластувања да вршат претреси, да притвораат азиланти и да ги депортираат во центри надвор од границите на ЕУ.

Приватни детективи ловат лажни болни низ Британија

Сè повеќе британски компании ангажираат приватни детективи за да потврдат дали сите работници што се на боледување навистина се болни. Освен боледувањата, многумина вработени ја злоупотребуваат и флексибилноста да работат од дома, воведена од времето на пандемијата, и времето поминато по кафеани го пријавуваат како работни часови.

Трамп мора да прифати: Иран ќе збогатува ураниум

Трамп постојано тврди дека неговата цел е да го спречи Иран да добие нуклеарно оружје. Но, тој не прави разлика помеѓу атомски бомби и збогатување ураниум. Изминатите две децении и актуелната војна покажаа дека со сила може да бидат оштетени некои капацитети, но ништо не може да го принуди Техеран да прифати услови што ги смета за безусловна капитулација.

Папата користел ВИ за да предупреди на ризиците од ВИ

Својата прва енциклика „Magnifica Humanitas“ папата Лав XIV ја посвети на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека таа не смее да ги замени меѓучовечките односи и не смее да го загрози достоинството на луѓето. Иронично е што речиси половина од документот на папата всушност бил напишан со помош од ВИ, а Ватикан немал смелост да го признае тоа.

Гугл ќе пушта милиони заразени комарци за да спречи заразни болести

Како алтернатива на прскање хемикалии против ларвите на комарците, Гугл планира да ги сотре главните пренесувачи на болестите зика и жолта треска со ослободување уште милиони нови единки, биоинженерски заразени со природната бактерија Wolbachia. Кога овие мажјаци се парат со диви женки, потомството не преживува, па популацијата на комарците се намалува.

Трамп вложил милиони во Dell пред да му истури пари од Пентагон

Доналд Трамп во декември добил донација од основачот на Dell. Во следните три месеци претседателот вложувал милиони долари во компанијата и отворено ја фалеше. Сега го жнее ќарот. Акциите на Dell скокнаа 255% во првиот квартал и уште 32% во еден ден откако компанијата склучи договор со Пентагон од 9,7 милијарди долари.

Не само што сме вишок, туку сме вишок 6 милијарди?

Светското население сè уште расте а една нова студија сугерира дека човештвото го преминало прагот на одржливост уште пред пет децении: тогаш е прејдена точката во која повеќе луѓе веќе не им помагаат на општествата побрзо да се развиваат, туку наместо тоа се започнува вистинска борба против природните ограничувања на планетата. 

Бордел за сите

Ученици на возраст од 13 до 15 години во една германска гимназија добиле задача да осмислат бордел. Не само како би изгледала таа јавна куќа и какви функционалности би требало да има, туку и да понудат решение за прашањето со каква понуда излегува на пазарот, за да можат луѓе од секакви сексуални преференци да бидат услужени и задоволени. 

Милијардерот Питер Тил ја здува во Аргентина

Американскиот мултимилијардер Питер Тил го премести своето семејство во Аргентина каде купил луксузен апартман и земјиште. Одлуката ја донел првенствено за да го избегне предложениот данок за ултра-богати во Калифорнија, по кој таквите калибри како него, треба еднократно да ѝ подарат на државата пет проценти од своете богатство. А и во случај на нуклеарна разврска Аргентина не е лошо решение.

Милиони жени ќе избегнат хемотерапија

Милиони девојки и жени со рак на дојка би можеле безбедно да ја избегнат хемотерапијата, откако научниците развиле ДНК тест кој може да направи разлика помеѓу оние пациенти кои ќе имаат корист од третманот и оние на кои таа терапија нема да им помогне. Меѓународната студија покажа дека дури над две третини би можеле да бидат поштедени од несаканите ефекти од хемотерапијата и да се лекуваат само со хормонска терапија.

Кинезите цела армија можат да ја плаќаат од тутунот

Кина е надвор од сите трендови на западните земји во кои бројот на пушачи постојано се намалува. Младите Кинези пушат нешто помалку но затоа останатите чурат повеќе па ги држат приходите огромни и клучни за економските и други политики на Пекинг. Кинезите пушат речиси колку сите други луѓе на светот заедно.

Трамп нарачал банкнота со негов лик

Америка се подготвува да ја одбележи 250 годишнината од раѓањето на нацијата, меѓу другото, и со комеморативна банкнота од 250 долари. Тука влетува незаситното его на актуелниот претседател кој нарачал да се смени законот по кој е забрането живи луѓе да се ставаат на банкноти. Ако ова се истера до крај, преку една милијарда луѓе ќе го знаат точното значење на банкнотата. Оние што зборуваат кинески.  

Електричните коли на Урсула запираат на пола пат од Брисел до Стразбур

Планот на Урсула фон дер Лајен за разеленување на возниот парк на Европската комисија ги иритира нејзините најблиски соработници. Со службените коли на струја тие не можат да ги патуваат од Брисел до Стразбур без да запрат на пола пат и да чекаат половина час за да ги дополнат батериите. Нивната шефица нема таков проблем – се вози во блиндиран бензинец.

Сечата на програмери станува сè посериозна

Технолошките компании како да се тркаат која ќе отпушти повеќе програмери, заменувајќи ги со вештачка интелигенција. Тие што останале, работат под стрес, очекувајќи да станат технолошки вишок. Отпуштањата се стихијни, за да се задржи довербата од инвеститорите дека иднината е во ВИ. Проблемот е што вештачката интелигенција сè уште не е продуктивна за бизнисите. 

САД користат нова тактика за да ги забрзаат депортациите

За да ја исполнат целта на Трамп за депортација на 1 милион имигранти, надлежните судови во САД драстично го забрзуваат процесот. Сега закажуваат масовни сослушувања на по стотина луѓе истовремено и доцнат со повиците, за да можат потоа автоматски да објават налози за депортирање на оние што нема да се појават во судницата.