Вести

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Речник

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

Инвазија од африкански мигранти врз Шпанија

Илјадници мигранти од Мароко јуришаа преку огради и плажи врз шпанската територија Сеута, енклава од африканската страна на Гибралтар која има копнена граница со Мароко. Поттикнати се од одлуката на социјалистичките власти да им дадат документи на 500.000 нелегални мигранти и на судската пресудата за заштита на оние што доаѓаат во енклавите.

Јорданците бараат американските трупи да си заминат

Откако Јордан почна секојдневно да трпи колатерална штета од иранските ракети лансирани кон американските бази во Кралството, стотици политички и јавни личности се охрабрија во отворено писмо да ги повикаат властите да им го откажат гостопримството на американските трупи. Не сакаат нивната земја да биде вовлечена во регионална војна заради одбрана на Израел.

И воздухот е „невидлив рудник“

Човештвото одамна совладало техники на копање руди и експлоатирање течности како основни блокови на цивилизациите. И воздухот е „невидливо злато“, укажува нобеловецот за хемија Сусумо Китагава. Неговата пионерска технологија на метално-органски рамки отвора потенцијал за сепарација на полезни материјали од воздухот, но не може сега да се реализира затоа што е скапа.

Израел ги труе ботовите со дозирана пропаганда

Кога ќе прашате чет-бот за војната во Газа, одговорот може да биде „затруен“ од пропагандна операција финансирана од израелската влада и командувана од поранешен шеф на кампањата на Трамп. Мекиот пристап на ширење дезинформации чини 50 милиони долари, но барем засега не успеа да го промени негативниот став на Американците за Израел и неговите војни.

Трамп повеќе нема да финансира опасни експерименти со вируси

Администрацијата на Трамп официјално се откажа од контроверзната политика на финансирање опасни истражувања на вируси. Во времето на докторот Ентони Фаучи, САД одобрија грантови од милиони долари за експерименти со „стекнување функции“ во недоволно безбедни лаборатории во Вухан, од кои најверојатно протече коронавирусот што предизвика пандемија.

САД им брани на војниците околу Иран да користат мобилни телефони

Централната команда на американските сили се закани дека ќе им ги запленува мобилните телефони на војниците во Јордан затоа што со објавувањето сведоштва, фотографии и снимки им олеснуваат на иранските сили да ги следат ефектите од своите ракетни напади. Адмиралот Бред Купер оцени дека и новинарските извештаи се бесплатен разузнавачки сервис за Техеран.

Фаучи одби да сведочи пред Сенатот

Едвај го „приведоа“ на сослушување пред Сенатот, Ентони Фаучи одби да одговори на низата прашањата дали и зошто лажел за потеклото на коронавирусот, дали прикривал докази, спречувал истрага и имал конфликт на интереси за време на пандемијата на ковид-19. Упорно се повикувал на Петтиот амандман, за да не може да биде употребено против него она што ќе го каже.

„Десет величенствени“ за проширување на ЕУ

ЕУ треба да состави тим од десет клучни земји, кои до крајот на идната година би изготвиле нова рамка за проширување и би се посветиле на надминување на политичките поделби во Унијата, предлага Европскиот совет за надворешни односи. Најголемиот предизвик е како да им се објасни на гласачите низ Европа дека би имале полза од приемот на нови членки.

ЕУ крати десетици милијарди долари помош за развој

Една од првите одлуки на Трамп во вториот мандат беше суспензија на американската помош за странство. Медиуми се уште реагираат на последиците од укинувањето на програмата USAID и на кратењата од канцеларијата DOGE на Илон Маск. Речиси воопшто не се зборува за драстичните кратења на десетици милијарди долари за странство од ЕУ и нејзините членки.

Нема дата-центри без фосилни горива

Повикот на ОН развојот на вештачката интелигенција целосно да се напојува од обновливи извори на енергија удри во ѕидот на реалноста. Ветерниците и соларните електрани не можат да ја задоволат огромната побарувачка за струја од центрите за податоци. Климатските активисти не попуштаат: „Ако вложуваат милијарди за центри, ќе мора да платат и за чисти електрани“.

Биби ги преживеа фрустрациите на Трамп

Претседателот Трамп и израелскиот премиер Нетанјаху се сретнаа во Овалната соба без какви било видливи знаци на тензиите што го одбележаа нивниот однос во изминатите неколку недели. Фактот што двете страни ја оценија средбата како позитивна претставува победа за Биби, со оглед на фрустрациите на Трамп, кој бара излез од војната во која во вовлече израелскиот лидер.

Огромниот кинески извоз намалува инфлации по други земји

Иако Трамп лани воведе високи царини за Кина за да ја израмни трговската размена и да ја ревитализира американската индустрија, се зголемил увозот на кинески производи во САД. Бариерата од царини индиректно предизвика и пад на инфлацијата на други развиени пазари, вклучувајќи ја и Европа, кои се пренасочија кон купување поевтини кинески производи.

Птиците пеат со осум основни „ноти“

И покрај огромната разновидност, песните на птиците ширум светот се изградени од само осум основни акустични елементи, покажува истражување на огромна архива од снимки на над 3.000 песнопојки. Студијата објаснува зошто птиците што живеат во тропските шумите пеат поинаку од оние по полињата вегетација, но песните главно се наследуваат од генерација на генерација.

Бајден му откривал државни тајни на својот биограф

Новообјавени аудио-снимки во траење од 70 часа потврдуваат дека Џо Бајден во 2016 година откривал доверливи информации во долгите разговори со неговиот биограф и дека префрлил во својот дом класифицирани документи од Белата куќа откако му завршил потпретседателскиот мандат. Бајден во ноември ќе објави нова книга мемоари, за периодот додека беше претседател.

Франција гори, но не и светот

Шумските пожари застрашувачки се приближуваат до Бордо. Тоа ги разгоре климатските алармисти да шират страв и да ги истакнуваат потресните снимки како сведоштва за најлошите сценарија од климатските модели. Но, факт е дека 2026 година е една од најблагите во однос на шумските пожари во изминатата деценија. Ова важи не само за Европа, туку и за целиот свет.

ЕУ „од око“ ги одредува казните за технолошките гиганти

Новите европски казни од речиси милијарда евра за Гугл и половина милијарда за Алибаба го вовлекоа Брисел во нов судир со Вашингтон и Пекинг, кои реагираат дека сумите се превисоки. Всушност, тие се претерано намалени во однос на оние што се дефинирани во европските регулативи. Па, како се одредуваат? Произволно, со пресметан политички ризик.

Американците лани оставиле 300 милијарди долари по кладилници

Обложувањето на спортски настани едвај и да постоеше во САД пред 2018 година. Следеше една од најбрзите експанзии на потрошувачки активности во историјата – од 6,6 на речиси 300 милијарди долари. Американците лани на спортски облози уплатиле двојно повеќе пари од вкупниот приход на кината, концертите, фестивалите, издаваштвото на книги и посетите на музеи - заедно.

Исланѓаните не сакаат Брисел да им се меша во референдумот

Имајќи го предвид искуството на Молдавија, лидерката на исландската опозиција ја повика ЕУ да не се меша во референдумот за обнова на преговорите на островската земја за членство во Унијата. Малата нација мора да се потпира на сојузници, но одлуката на кој начин ќе го прави тоа треба да ја донесат Исланѓаните, а не европската политичка елита.

САД намерно пропуштаат ирански ракети и дронови

Соочени со сериозни проблеми со резервите на муниција, американските сили во Персискиот Залив се принудени на нова одбранбена тактика: повеќе не нишанат во сите ирански проектили и дронови, туку само во оние за кои ќе пресметаат дека може да предизвикаат голема штета. Плус, не сакаат секогаш да трошат ракета од милиони долари на дрон од 30.000 долари.

Океаните и морињата губат кислород

Затоплувањето предизвикано од човекот, прекумерното загадување со хранливи материи и промените во движењето и проветрувањето на подлабоките води се главните причини поради кои океаните, морињата и слатководните системи губат кислород. Научници предупредуваат дека последиците веројатно ќе се чувствуваат со векови.

Фаучи бил бизарно фиксиран на својата слава

Неколку дена пред доктор Ентони Фаучи да мора да сведочи пред Сенатот (одби доброволно да го стори тоа), неговиот жесток критичар, републиканскиот сенатор Ренд Пол ги направи јавно достапни неговите дневнички белешки од времето на пандемијата. Дента кога Америка забележа рекорден број случаи, Фаучи забележал дека бил поканет во „Танц со ѕвездите.“

НАТО е заробен во Студената војна

НАТО се соочува со ерозија на своите темели. Уште од основањето Алијансата била повеќе од обичен одбранбен сојуз - традиционално се доживувала и како заедница на вредности. Одбраната на демократијата, слободата и меѓународен поредок сè повеќе се потиснуваат од „империјалистичка“ амбиција да се обезбеди геополитичката хегемонија на Западот.

Успешната приказна на Полска заглави во долгови

Полска беше издвоена како економско чудо на Европа и со неверојатен пораст на стандардот од 316% за 30 години е на пат да ја стаса Јапонија. Но, според најновите податоци на Евростат, Полска сега е меѓу членките на ЕУ на кои најбрзо им расте долгот. Тоа само по себе не е причина за тревога, но ќе ѝ направи проблеми на Варшава во наредните години за да го задржи растот.

Технолошките гиганти ги кријат долговите со трикот на Енрон

Енрон влезе во историјата како синоним за корпоративен економски колапс. Збриша 74 милијарди на берзите и банкротираше компании. 25 години подоцна некои од највредните светски компании создаваат слични финансиски механизми кои ги маскираат долговите во  време кога инвеститори вложуваат илјадници милијарди долари во системи за вештачка интелигенција.