Вести

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Речник

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

Пророкот Маск: ВИ ќе царува, Британија ќе војува

За пет години системите со ВИ ќе ја надминат интелигенцијата на целото човештво. За 10 години роботите целосно ќе ги заменат работниците и ќе создадат изобилство во кое парите ќе бидат бесмислени. А за 20 години Британија ќе биде во граѓанска војна. Ова се пророштвата на Илон Маск во интервју во кое всушност само гласно го кажа она што многумина го премолчуваат.

Брисел блокира иницијатива на 600.000 Европејци за запирање на имиграцијата

Европската комисија во корен пресече граѓанска иницијатива против имиграцијата во Европа пред да се собере потребниот број потписи за да се појави како официјален предлог на агендата на ЕУ. Иницијативата наводно била „расистичка“ и спротивна на дефиницијата за „европски вредности“ како што ја толкуваат бирократите во Брисел, а не граѓаните.

Германија плаќа пет пати поскап гас отколку во 2020 година

Норвешка не мора ама баш ништо да прави за да се богати. Денес не произведува повеќе гас отколку пред да почне војната во Иран. А, сепак, ѝ го продава за пет пати повисока цена на Германија, која претходно остана и без гасот од Русија. За Берлин повеќе не важат привилегирани цени, туку пазарните, кои скокаат со секој истрелан проектил во Персискиот Залив. 

Сакаат да го скротат Ел Нињо со побели облаци над Пацификот

Предупредувањето од ОН дека годинешниот Ел Нињо во Пацификот ќе има екстремен интензитет дојде како порачано за научниците кои развиваат теории за геоинженеринг. Предлагаат да ги осветлат облаците над океанот за да фрлаат подебела сенка и да ја спуштат температурата. Тврдат дека краткорочната мерка би била поефикасна од глобалните напори против загревањето.

ЕУ ќе лови руски танкери до Индискиот Океан

Европски воени бродови кои досега се бореа против озлогласените сомалиски пирати се испратени во нова мисија во Индиски Океан, која Путин ја нарекува „класична пиратерија“. Ќе можат да запираат и да претресуваат бродови за кои се сомневаат дека тајно транспортираат руска нафта или други забранети стоки. Шверцуваната нафта ќе може да ја запленат и да ја продадат.

Имигрант решава кои азиланти може да останат во Германија

Ирачки државјанин без дозвола за постојан престој во Германија веќе пет години е во канцеларија за емиграција во Дармштад. Но, не поради озлогласениот застој во германскиот бирократски систем, туку како дел од машината, како службеник кој решава кои имигранти може да останат во земјата, а кои треба да бидат депортирани. 

Трамп го вооружи Иран за новите битки

Примирјето што требаше да ја смири војната и да ги стабилизира светските пазари, всушност му ги обезбеди на Техеран пари за следната рунда од престрелката со САД. Откако во јуни Трамп ја укина блокадата на Ормускиот проток, затишјето му овозможи на Иран брзо да пласира на пазарот околу 70 милиони барели складирана нафта и да добие 6 милијарди долари.

Сега може да нè следат и невидливи дронови

Инженери создадоа дрон кој луѓето не можат да го забележат. Ја искористиле несовршеноста на окото за да му ја прилагодат брзината на ротацијата на пропелерите. Покрај сите можни злонамерни намени на овој летечки фантом, производителите се задржаа на единствената со која некако можат да го оправдаат - „за набљудување на дивите животни“. 

Бавната смрт на глобалните заеднички добра

Како што светот научи по Версај, лошите мировни договори отвораат пат за идни конфликти. Меморандумот за разбирање со САД му послужи на Техеран да наметне патарини во Ормускиот проток. Тоа е злокобен предвесник. Отвореното море, Арктикот, па и вселената стануваат „територии за освојување“ во стратешки натпревар што го урива светскиот поредок. 

Пакистан не посредувал за џабе

Дипломатијата секогаш има цена. Пакистан не посредуваше во разговорите помеѓу САД и Иран само од добра волја. Како надомест за дипломатските напори, Пакистанците бараат пристап до привилегиран валутен аранжман, каков што САД досега одобриле за само две земји. Тоа би претставувало финансиски спас за Пакистан, кој во 2023 година едвај избегна државен банкрот. 

Британија е десет дена од недостиг од храна

Војните во Украина и Персискиот Залив ги прекинаа глобалните синџири за снабдување и на храна, не само на нафтата. Во Британија ситуацијата уште повеќе се влоши поради ненадејните летни горештини кои ги исушија посевите. Експерти предупредуваат дека несигурноста за снабдување со храна во Британија мора да се третира како национална вонредна состојба.

Трамп го прегази „чесниот збор“ за Украина

Русија повеќе не е подготвена да ѝ врати на Украина дел од окупираните територии, како што било договорено на самитот на претседателите Трамп и Путин лани во Алјаска. Откако Трамп почна да ги поддржа украинските напади со дронови длабоко во Русија, Москва е решена со копнена офанзива самата да ги заземе териториите што било договорено да ѝ припаднат.

Американските старци се изборија за право на журка

Домовите за стари лица најмалку од се треба да бидат она на што прво асоцираат – соби во кои се самува и заедничка дневна со вести на телевизор пуштени на најјако и болничари што проверуваат дали секој си ја испил терапијата. Баба од Минесота водеше битка до Сенатот за да ги направи домовите повесели места. Пред една недела наздрави со гувернерот.

Саудијците ќе збогатуваат ураниум со благослов од Трамп

САД му објавија војна на Иран за да го спречат да развие нуклеарно оружје. Еден од условите за мир е да му го одземат правото да збогатува ураниум и сите досегашни залихи. Сето тоа што му го бранат на Иран, Американците сега ѝ го нудат на Саудиска Арабија, за да ја зацврстат својата контрола врз кралството и регионот и притоа да заработат десетици милијарди долари.

Мамурлак од горештини

Кога ќе удрат екстремните летни горештини, луѓето се пазат од сончаница и пијат вода, но треба да останат претпазливи и во следните неколку дена, откако температурите ќе почнат да опаѓаат. Додека телото не се опорави од стресот, страда од мамурлак од топлотен бран – вртоглавица, замор и исцрпеност. Во тој период треба да се избегнуваат физички активности и тешка храна.

Дали Кина ја доби најважната машина во светот?

Само Холандија и никој друг во светот ги прави машините за производство на напредните чипови кои се клучни за развојот на системите со вештачка интелигенција. Администрацијата на Трамп се сомнева дека до Кина веќе протекле доволно компоненти и знаење за да може самата да ги конструира најважните машини на светот и да ја загрози американската доминација.

Науката им најде оправдание на мрзливите

Способноста на луѓето да извршуваат повеќе работи во исто време се цени како трудољубивост и како знак за интелигенција. Науката сега објаснува дека мрзата сама по себе не e лоша особина, туку е еволутивно развиена способност да се игнорираат сите задачи за кои од вложениот труд и време не може да се извлече полза за телото, умот и благосостојбата.

Никој претседател на САД не ја завршил војната што ја почнал

Трамп лани се фалеше дека заслужил нобелова награда како миротворец што запрел осум војни, но малку е веројатно дека ќе ја запре војната што самиот му ја објави на Иран. Кон тоа укажуваат и актуелната ситуација и историјата: претседателите што објавувале вечни војни си заминувале од Белата куќа и ги оставале како проблем за своите наследници.

Вселенски огледала ќе ни светат ноќе

Калифорниска компанија доби дозвола да тестира сателитски систем со огромни огледала кои ќе ги рефлектираат сончевите зраци за да осветлуваат населби или да напојуваат соларни централи ноќе. Ако тестот се покаже успешен, планот е во орбита да се распоредат 50.000 огледала до 2035 година. Зраците четири пати посветли од полна месечина би се изнајмувале за 5.000 долари за час.

Страв од Ле Пен се шири во Берлин

Европските политички елити веќе се во паника поради избори што сè уште не се ни одржани. Ако Французите идната година го изберат „погрешниот кандидат“ за претседател, Марин Ле Пен од Елисејската палата би можела да ги постави интересите на Франција пред желбите на Брисел. Во Берлин веќе се кројат сценарија за вонредна ситуација, слично како во случајот со Брегзит.

Владата ќе ги учи Американците да готват

Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор има нов рецепт како Американците да бидат повторно здрави. Владата ќе им понуди иницијативи за да ги научи како самите да готват, ќе организира курсеви и едукативни кујни и ќе им нуди рецепти за брзо подготвување оброци со здрави состојки наместо да се дебелат со ултрапреработена брза храна.

Од новиот пакет санкции на ЕУ за Русија остана само празна кутија

Европската Унија не може да го договори својот 21-ви пакет санкции против Русија, бидејќи владите на повеќе членки одбиваат да поддржат мерки од кои поголема штета имаат домашните компании отколку руските. Грција, Франција, Италија, Германија, Австрија и Португалија – побараа исклучоци или целосно ги блокираа предложените мерки.

На Трамп му останаа само ужасни опции за Иран

САД и Иран повторно заглавија во ќорсокак на престрелки во кои никој не може да воспостави контрола врз Ормускиот проток. Техеран практично нема други опции, а Трамп е соочен со непријатен избор: или да прифати иранската хегемонија над теснецот, или да ја ескалира војната со сценарија што водат кон уште поголема катастрофа. 

Нов скандал во Украина: Станови по цена на мобилен телефон

Во чувствително време кога Украинците протестираат поради разрешувањето на популарниот министер за одбрана, откриен е нов голем корупциски скандал. Братот на првиот човек на Државното биро за истраги купувал десетици станови и имоти по цена на мобилен телефон. Не за квадрат, за цел стан. Суд им забрани на медиумите да пишуваат за случајот.