Господинот Абдулџабар, претставен само со презимето, како и сите други лица од документарниот филм на Hessischen Rundfunks (HR), е државјанин на Ирак. Пристигнал во Германија во големиот имигрантски бран во 2015 година и аплицирал за натурализација.
Во процесот стигнал до дозвола за привремен престој, на која чекал шест години. Иако нема германски пасош бил ангажиран во канцеларијата за имиграција во Дармштат.
Работи на апликации од имигранти, кои завршуваат со издавање дозвола за престој или одлука за депортација.
Господинот Абдулџабар одлучува дали на странците ќе им биде дозволено да престојуваат во Германија, иако и самиот мора да оди во друга канцеларии за да го регулира сопствениот статус, наведува јавниот сервис на Есен.
Абдулџабар вели дека сопственото искуство му помага да ја разбере перспективата на барателите на азил, но но ги предупредува да не очекуваат протекции.
Би сакал да помогнам, но работам во рамките на законот. А она што го вели законот, морам да го спроведам во пракса, вели Ирачанецот.
Пред да го напушти Ирак, Абдулџабар студирал англиска книжевност. Подоцна, во Германија, завршил стручна обука за административен службеник. Според HR, тој наскоро ќе ги исполни потребните услови да добие германски пасош.
Извештајот бил поттикнат од лошата репутација на канцеларијата за имиграција во Дармштат.
Вработените таму трпат огромен притисок за да носат одлуки што имаат далекусежни последици, објави HR.