Вести

Како Епстин го урна имиџот на Бил Гејтс

Армија стилисти, аналитичари и пи-ар експерти со години се грижат за беспрекорниот имиџ на Бил Гејтс и помогнаа да биде прогласен за најпочитуван човек на светот. Гласините за врските со Џефри Епстин ги оправдувале со „филантропија“. Отворањето на досието Епстин ги уништи сите напори да се спаси имиџот на милијардерот. Сега повеќе не го канат ни на настани на Микрософт.

Како бумерите ја зафркнаа Европа

Европските бејби-бумери наследија континент кој се обновуваше по војната. Усвоија системи на дарежливи пензии, потпирајќи се на демографските трендови кои оттогаш исчезнаа. Денешните баби и дедовци зад себе оставаат континент на кој му треба ремонт по штетата што тие самите ја предизвикаа. И не се гледаат големи шанси дека овој систем брзо ќе се промени.

Кинеска против НАТО авијација: 9-0

Кинеските ловци девет пати во низа ги победиле најдобрите европски авиони во симулирани дуели. Резултатот од 9-0 се прифаќа со блага резерва, но сепак претставува успех за кинеската воздухопловна индустрија, која продава ловци на Блискиот Исток. Ништо ново за еурофајтерите, со кои се опремени европските земји од НАТО. Тие редовно губат и од американските Ф-35.

Речник

Израел тивко охрабрува напади врз христијаните

Израелски војник со токмак удира во статуа на Исус. Друг со булдожер урива статуа на Свети Ѓорѓи. Доселеник турка и клоца калуѓерка на улица во Ерусалим. Нападите врз христијани во Израел достигнаа критична ниво, но обично поминуваат неказнето како „изолирани инциденти“. Тоа уште повеќе охрабрува религиски екстремизам кон сите што не се од „избраниот народ“.

Трамп сака да ја замолчи администрацијата

„Најтранспарентна“ администрација на Трамп им забрани на новинари пристап до Пентагон, спроведе полиграфски тестови за да открие протекување информации и ги отпушти независните инспектори за лов на корупција. Сега најави уште еден обид да го спречи слободниот проток на информации - сите федерални работници да потпишат договор за неоткривање информации.

Гигантите на ВИ се вртат кон хуманоидни роботи

Силиконската долина помина неколку години учејќи ја вештачката интелигенција да зборува. Најголемите компании сега сакаат да ѝ дадат тело за да крева, сортира, да гради и да влезе по домовите. Лаборатории се тркаат да изградат хуманоиди, специјализирани роботи и софтверски мозоци што би ги наведувале автономно во реалниот свет.

Канада ќе ја зајакнува војската со имигранти

За да го спроведе планот од 6,6 милијарди долари на премиерот Карни за зајакнување на одбраната, Канада ќе мора да увезува обучени војници и офицери со искуство. За да ги привлече регрутите од странство, им нуди експресно брз процес за добивање државјанство, слично на стратегијата што досега важеше за инженери, лекари и квалификувани занаетчии.

Милијардерите си ги штитат децата од производите кои ги збогатија

Идејата дека употребата на социјалните медиуми е штетна за младите луѓе постои со години и постојано се вадат нови докази за тоа. Ако не им верувате на истражувањата, верувајте им на самите технолошките лидери кои ги изградија тие империи што им донесоа милијарди. Наспроти она што го промовираат за другите, кога станува збор за нивните сопствени  деца, овие моќници се крајно рестриктивни.

Џон Клиз: Работата не е за смеење

Во класичната филмска комедија „Рибата наречена Ванда“, Џон Клиз има ваква реплика: „Дали имате идеја како е да се биде Англичанец? Да се ​​биде екстремно  коректен цело време, да се биде постојано задушен од страв да не направиш нешто погрешно“. Денес 86-годишниот Клиз има далеку поопиплива секирација што е Англичанец: дали неговото практикување на слободата на говорот ќе го направи криминалец во сопствената земја.

Тепајте, само не кршете коски

Британски Телеграф пренесува делови од Кривичниот закон кој го донеле талибанците и кој освен што забранува школо за девојчиња постари од 12 години а воведува и термин „роб“ за што веќе пишувавме, педантно ја опишува црвената линија на домашното насилство: скршени коски или отворени рани. Жената тоа треба да го докаже во присуство на машки старател. Погаѓате кој е старателот. 

Кинески централи и на ветер и на јаглен

Додека европските земји настојуваат итно да ги исфрлат фосилните горива и да ги заменат со ветерници, загрозувајќи ја сопствената енергетска стабилност, Кинезите ги комбинираат предностите на обновливите и традиционалните извори. Градат комбинирани централи и го зголемуваат капацитетот за чување енергија во батерии, заради стабилност на мрежата.

Мерц сака да ја укине анонимноста на интернет

На германскиот канцелар му пречи демократското право на граѓаните анонимно да коментираат ставови и политичари без страв од лични последици. Мерц бара да се претстават со име и презиме, за да може владата да им одговори. Германската полиција, всушност, веќе спроведува рации во домови на луѓе што критикуваат функционери по социјалните медиуми.

Трамп ја намали миграцијата за 80%

Со построгите мерки за издавање визи и засилените депортации, администрацијата на Трамп успеа да ја спушти миграцијата за 80% под вообичаеното ниво. Брзото губење на стотици илјади потенцијални работници дава лажна слика за отворањето на повеќе работни места, како доказ за раст на економијата, предупредува Голдман Сакс.

Климатските промени се скандал од 16.000 милијарди долари

Научникот за животна средина Бјорн Ломборг неодамна пресмета дека владите низ целиот свет потрошиле најмалку 16.000 милијарди долари за поддршка на индустрискиот комплекс за климатските промени. Тоа збогати многу луѓе, но веројатно не бил или нема да биде спасен ниту еден живот од оваа колосална погрешна распределба на човечките ресурси. 

Во Канада еутаназирале дечко кој страдал од „сезонска депресија“

Канаѓанка ја обвинува државата дека либералните закони за еутаназија ѝ го убиле синот. Тој страдал од повремени бранови на депресија и кога бил во криза се решил на асистирано самоубиство. Лекарката од програмата не само што не го обесхрабрила, туку и го охрабрувала да си го одземе животот и не ги известила неговите родители.

Трамп: Канцерогениот глифосат е темел на националната безбедност на САД

За илјадници Американци, глифосатот е хемикалија што им предизвикала рак. Но, претседателот Трамп го прогласи канцерогениот хербицид за критична суровина за националната и прехранбената безбедност. Нареди континуирано снабдување со хербициди и со елементарен фосфор за да се заштити производството на храна и на воена опрема.

САД до светот: Нето нулата е неостварлива фантазија

Администрацијата на Трамп отворено побара од светската агенција за енергетика да престане да ги гради глобалните стратегии врз основа на нереалните цели за нето нула емисии на јаглеродни гасови. Ако веднаш не го префрли фокусот кон енергетска безбедност, агенцијата ќе остане без само една членка, но и без една седмина од својот буџет.

Плаг-ин хибридите трошат три пати повеќе гориво

Автомобилската индустрија ги промовира хибридните коли како идеален баланс за заштита на околината и намалување на трошоците за гориво, без да се ограничи патувањето. Точно е само третото. Неодамна беше утврдено дека чадат како бензинци, а нова анализа укажува дека трошат три пати повеќе гориво отколку што декларираат производителите.

САД направија портал за заобиколување на европската цензура

Стејт департмент изработил онлајн портал што ќе им овозможи на луѓето во Европа да пристапат до содржини што се забранети од нивните влади како „говор на омраза“ или „терористичка пропаганда“. Целта е да се заобиколи цензурата. Европските земји веројатно ќе го толкуваат овој потег како охрабрување на нивните граѓани да ги прекршуваат националните закони. 

Им нема крај на синдромите од вакцините против ковид

Вакцините со мРНК против коронавирусот кај мал број луѓе предизвикале повеќе несакани симптоми слични на долг ковид. Научен тим од универзитетот Yale открил изразени биолошки промени кај луѓето погодени од овој „поствакцинален синдром“. Имаат разлики во имуните клетки, се реактивира неактивниот вирус Епштајн-Бар, а коронавирусот им се задржува во крвта.

Паметна камера што бара кучиња ги загрижи Американците

Кога Американците масовно купуваа камери за да ги заштитат своите домови од кражби ретко помислувале дека ќе дојде ден кога камерите ќе може да бидат злоупотребени против нив. Сега ги кршат овие шпионски очи кај комшиите или самите ги му ги враќаат на Амазон поради ризикот од нова технологија, невино промовирана како систем за барање изгубени миленичиња.

Се сеќавате дека парковите беа затворени во ковидот?

За време на ковид пандемијата, италијански научници документираа нешто интересно: во области со повеќе дрвја по глава на жител, бројот и сериозноста на ковид случаите беа помали отколку на места со помалку дрвја, дури и кога се земаат предвид разликите во густината на човечката популација. Паметни земји веќе вклучуваат шумски терапии во своите стратегии.

Баер со 7,25 милијарди замолкна илјадници луѓе со рак

Германскиот агрохемиски гигант Баер ќе плати 7,25 милијарди долари за да затвори десетици илјади тужби од луѓе што добиле рак од глифосатите во „Раундап“. Со оваа сума ќе ги покрие сите тужби до 2057 година. Ова му е како осигурување од многу поголема казна од случај пред Врховниот суд. А, адвокатите ги тешат пациентите со рак дека барем ќе добијат некаква отштета.

Што се милијарда патници за кинеските брзи возови?

Кинеската мрежа од брзи железници без проблеми го истрпи притисокот од најголемата миграција на луѓе во светот – повеќе од 1 милијарда патувања на работници од градовите за да ја прослават лунарната нова година со семејствата. „Порано одевме на станица претходната вечер и спиевме на подот. Сега сè се организира преку телефон“, вели еден патник.

Њујорчани ќе збеснат ако лаеш против кучињата

Активистка на Хамас го предизвика бесот на њујорчани, но не поради острите и провокативни говори насочени против Израел по универзитетските кампуси, па дури ни со повиците за насилство против Евреите. Ѝ се нафрлија кога ги погоди во слабата точка – со повикот да не чуваат „валкани“ кучиња како домашни миленици.

Британска измама со „слободата на печатот“ на Балканот

Милионски буџети и доверливи стратешки медиумски програми покажуваат како Британија настојува да го наметне своето влијание врз Западен Балкан. Протечени документи прегледани од RT Investigations откриваат сложена организациска структура за обликување на медиумските екосистеми и ширење пропаганда под знамето на слободата на печатот.

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Во Украина тајно е формирана ескадрила од нови ловци ф-16 во која се вклучени пилоти од САД и Холандија. Тие ги обучуваат своите украински колеги да ги користат напредните системи за извидување и лоцирање непријателски цели, но и имаат активна улога во одбраната на Киев од речиси секојдневните напади од руски ракети и беспилотни летала. 

Иницијатива за општо укинување на задолжителните вакцинирања во САД

Граѓанско здружение во САД бара да бидат укинати сите мерки што го нарушуваат правото на слободен медицински избор на пациентите, вклучувајќи ги и задолжителните вакцинирања и носењето заштитни маски. Сојузните држави сега имаат сопствени политики, кои често пати се судираат. Во некои веќе се предложени закони за заштита на правото на избор.

Калифорнија купува американски бензин преку Бахамите

Како последица на најстрогите еколошки регулативи во САД, Калифорнија е принудена да увезува дури и американски бензин. „Златната држава“ ги затвора своите рафинерии и нема мрежа од цевководи, па американското гориво патува илјадници милји со танкери, за да биде регистрирано како увоз од Бахамите, по многу повисока цена на бензинските пумпи.

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Европејците го мразеа говорот на Венс. Сепак, го сакаа говорот на Рубио. Разликата беше во тонот. Рубио ја заслади пораката: САД можеби ќе останат дел од НАТО, но Европа ќе остане сама. Наместо да ја прифатат новата реалност, Европејците се убедени дека ќе се вратат на старо. Трамп без сомнение ќе го нема за три години. Но, неговата безбедносна доктрина ќе опстои.