Вести

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Речник

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

Како супермаркетите се богатат од бесплатни залчиња

Нема бесплатен ручек? Секако, тоа е една од девизите на синџирот супермаркети Costco, кој на купувачите упорно им нуди бесплатни залчиња најразновидна храна, од тартуфи до карфиол. Луѓето не можат да одолеат на храна ако е бесплатна, а маркетите заработуваат богатство од зголемената доверба, рекламирањето по социјалните мрежи и членските картички.

Тексас против „шеријатските градови“

Ако после 11 септември во САД најмногу се стравуваше од исламски тероризам однадвор, денешниот американски страв е дека оваа религија ги руши темелите на американската нација. Иако бројот на муслимани во САД е речиси безначаен, европските градови се посочуваат како предупредување што може да се случи и таму. 

Конечно почна „вечната војна“ на Трамп

Конфликтот со Иран сè повеќе личи на вечните војни на САД, кои Трамп вети дека ќе ги прекине. Можеби никогаш нема да вклучува војници на терен или „промена на режимот“ на исто ниво со Ирак или Авганистан. Но, војната ги покажува сите знаци на мочуриште, од кое наследниците на Трамп во Белата куќа ќе треба да ги извлекуваат Американците.

Мик Џегер: Нема ништо добро во стареењето

Кон крајот на јули, истурениот напаѓач на Ролинг Стоунс ќе полни 83 години. За Њујорк Тајмс деновиве ги сподели своите размислувања за стареењето, зрелоста и како се менува пристапот кон песните. Колку се тие баобаби од Стонси поинаку стари од сите други стари на светот се гледа и од она на што се пожали Џегер на овие години: „Кога играш фудбал, те ставаат за голман“(?!)   

Украинците водат против Русите во битката за дезертирање

Земјите што се борат во најголемата војна во Европа по 1945 година губат по цела армија војници без да испукаат ниту еден куршум. Во натпреварот кој повеќе ќе дезертира или нема да се појави на фронтот, Украинците се далеку поуспешни. Како што војната влегува во својата петта година, успехот на бојното поле ќе да зависи од тоа која земја прва ќе го исцрпи базенот за регрутација.

Картелите и Светското

Додека фудбалски навивачи ги преполнија улиците на Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј, кои беа домаќини на натпревари од Светското првенство, далеку од камерите во Мексико продолжува војната на картелите за проширување на териториите, во која страдаат недолжни цивили. Во битките со локалните стражи се користат дронови со бомби и оружје шверцувано од САД.

Кравите од загадувачи станаа богатство на ЕУ

ЕУ со години ги гледаше говедата како мали фабрики за штетни гасови кои треба да се уништат за да се спаси Зелената агенда. Брисел конечно си го преиспита ставот и во нова стратегија го прогласи добитокот за критична инфраструктура. Признава дека метанот од кравите не е толку страшен за планетата и дека фармите немаат никаква врска со фосилни горива.

Лесно де да се задолжуваш кога кај тебе е печатницата

Американското министерство за финансии, во фискалната 2026 година се задолжувало по 155 милијарди долари - секој месец! Најновиот месечен извештај на Канцеларијата за конгресен буџет потврди дека каматата на јавниот долг за фискалната година достигнал 857 милијарди долари: приближно 23,8 милијарди долари неделно.

Како се приватизираше Пентагон

Трупањето оружје само ја зголемува опасноста со која се правда таквото трупање.  Секој воен буџет на земјите од НАТО го потврдува чувството на Москва дека околу неа се стега обрачот. Зад сетоа тоа стојат луѓе и кругови кои ги бројат дивидендите што ги нарекуваат безбедност.

Во ЕУ со години се прска со пестицид со лажен извештај за безбедност

Земјоделско средство за уништување на габи пред две децении било одобрено од ЕУ како безбедно врз основа на погрешни заклучоци од истражување кое било спонзорирано од производителот. Дури сега, во студија спроведена со идентични методи, е потврдено дека фунгицидот може да предизвика трајни последици за развојот на мозокот.

Војните станаа бесмислени

Воени стратези и теоретичари одамна предупредувале дека победите на бојните полиња всушност се пораз ако не е остварена јасна политичка цел. Уште пред повеќе од еден век се теоретизирало дека трошоците на војувањето по дефиниција ги надминуваат добивките. Операцијата Епски бес на Трамп во Иран е само дел од низата што ја потврдува тезата дека војните станале бесмислени.

Тревога во Берлин: Делат бесплатен кокаин во поштенски сандачиња

Германската полиција предупредува на новите тактики на наркодилерите во Берлин, кои почнале бесплатно да доставуваат кокаин во поштенски сандачиња. Дрогата е спакувана во шарени кесички, кои по дефиниција го привлекуваат вниманието на децата. Ако некој е заинтересиран за дрогата, во пакетот има адреса каде може да нарача. 

ЕУ ги озакони дигиталните шпиони во колите

Откога почна да се вградуваат камери и сензори во колите, отворено е прашањето дали тие повеќе им помагаат на возачите, на осигурителните компании или на владините агенции што ги надгледуваат граѓаните. Новите правила на ЕУ ја оставаат таа дилема отворена. Ќе се снимаат погледот и сите движења на возачите, а сите податоци ќе се чуваат во „црна кутија“.

Канада ѝ се враќа на нафтата

Канадскиот премиер Марк Карни има дарба меѓу политичарите да признава грешки, колку и да се незгодни за јавноста и ризични за неговата функција. Така беше на Самитот во Давос, кога кажа дека светскиот поредок веќе бил осуден на пропаст. Сега признава дека „зелените политики“ на неговиот претходник Џастин Трудо ѝ изгубиле цела деценија на Канада.

Ормускиот проток е новото „нуклеарно“ оружје на Иран

Војната што ја почнаа САД и Израел ги промени стратегиските приоритети на раководството во Техеран. Нивното „златно оружје“ повеќе не е оспорената нуклеарна програма, поради која со години трпеа санкции, туку правото на контрола на сообраќајот низ Ормускиот проток. За ова право се решени да војуваат ако треба и убедени се дека никој не може да им го одземе.

Големата лага за украинската војна

Во редовни интервали од инвазијата на Путин, западниот политичко-медиумски комплекс работеше на убедување на јавноста дека победата за Украина е веднаш зад аголот и дека Русија е на работ на колапс. Така е и ова лето. Се слават успесите на украинските дронови а се заборава дека колку повеќе е притиснат, толку Путин повеќе ќе биде принуден да ја ескалира војната. 

Се запишуваат на факултет, а не можат да решат задача за петто одделение

Образовните системи во богатите земји произведуваат незнајковци, покажува ново глобално истражување. Секој петти бруцош на факултети во Израел или Полска чита и решава математички проблем на ниво на десетгодишник. Зошто да учи, кога во џебот има бот што знае сè? Ова го поттикнуваат и универзитетите, кои во битка за студенти ги спуштаат критериумите за уписи. 

Секој трет Американец смета дека Израел извршил геноцид врз Палестинците

Покрај тоа што ги срамни со земја Газа и јужен Либан, Нетанјаху ја уништи и децениската поддршка што Израел ја имаше од јавноста на својот најблизок сојузник. Речиси една третина од Американците веруваат дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа, покажува нова анкета. Во тоа дури се убедени и сличен процент од анкетираните Евреи во САД. 

ЕУ протнува масовен надзор низ задна врата

Во последните работни денови пред летниот одмор, претседателката на Европскиот парламент по итна постапка закажа гласање за иницијативата за надгледување на разговорите на корисници на социјалните платформи. Се заобиколува комисиска расправа, која е задолжителна спроти гласања за мерки што може да бидат блокирани само со апсолутно мнозинство гласови.

Француските полицајци полесно ќе може да посегаат по оружје

Народното собрание на Франција го одобри спорниот закон за кој критичарите тврдат дека на полицајците им дава „дозвола за убивање“. При инциденти во кои полицајците ќе пукаат во осомничени, по правило ќе се смета дека тие дејствувале во рамките на законите, а на семејствата на жртвите ќе падне товарот за судско докажување дека биле пречекорени овластувањата.

Собрале позади Трамп во Анкара како позади куче после шетање

Додека Доналд Трамп престојува во Анкара на самитот на НАТО, неговите телохранители ќе се грижат да не остави ништо свое зад себе, дури ни по голема нужда. Протоколи предвидуваат дека никаков телесен отпадок од претседателот на САД не смее да допре почва на странска земја, за да не остави биолошки траги што може да бидат вреден плен за странски агенти.

Досие Еди Рама: Како албанскиот премиер мести зделки со недвижности

Групата Progressive international објави Досие Еди Рама во кое поткрепено со документи тврди дека албанскиот премиер е на чело на нелегална империја на недвижности од брегот до Тирана. Дозволата на зетот на Трамп да гради хотели на запштитено мочуриште е само „леден брег“ во раширена мрежа на давање дозволи и одземање на имот предводен од премиерот.

Грчки бродосопственици заработија милијарди од превоз на руска нафта

Додека земјите од Г7 се обидуваат да ги ограничат приходите од нафта на Кремљ, грчки бродосопственици оствариле профит од речиси 4 милијарди долари од транспорт на руска нафта во изминатите три години. Западните превозници се изземени од режимот на санкции за Кремљ ако гарантираат дека нафтата се продава по ограничените цени. 

Киев и НАТО на јавен конкурс бараат помош за напади врз руски бази

И покрај зачестените напади длабоко врз руска територија, украинските сили веќе пет години не најдоа ефикасен начин да се одбранат од руската воздушна супериорност. Киев со поддршка од НАТО го менува пристапот. Наместо класична воена набавка, побара од приватници да понудат решенија за парализирање на руските воздухопловни бази далеку од фронтот.