Лесно де да се задолжуваш кога кај тебе е печатницата

Американското министерство за финансии, во фискалната 2026 година се задолжувало по 155 милијарди долари - секој месец! Најновиот месечен извештај на Канцеларијата за конгресен буџет потврди дека каматата на јавниот долг за фискалната година достигнал 857 милијарди долари: приближно 23,8 милијарди долари неделно.

Месечното задолжување од приближно 155 милијарди долари, односно 39 милијарди долари неделно, повлекува околу 100 милијарди долари повеќе камата (13%) од каматата исплатена во првите девет месеци од претходната година.

Плаќањата на каматата на долгот сега се 20 милијарди долари поголеми од расходите за министерството за одбрана, трговија, внатрешна безбедност, образование, агенцијата за заштита на животната средина, администрацијата за мали бизниси и повратните кредити за коронавирус - заедно.

Притисок врз буџетот прават и зголемената побарувачка за социјално осигурување (Медикер и Медикејд) како и зголемените трошоци за социјални бенефиции.

Тоа е тренд кој не оди на добро со оглед на тоа што американската популација старее и  средната возраст на Американците продолжува да расте. Уделот на мажите во постарото население е особено значаен, додаваат од Статистичкото биро. 

Познавачите велат дека проблемот нема да се реши додека политичарите не решат да бидат искрено со јавноста и не ѝ признаат дека земјата оди по пат кој е неодржив. 

11 јули 2026 - 12:33