Многумина жители на Берлин се изненадени кога во своите поштенски сандачиња ќе пронајдат кесички од бомбони во кои се уфрлени бесплатни примероци од екстази, кетамин, хашиш или дизајнерската дрога 3-MMC.
Поради начинот на испорака, кој ги привлекува децата, полицијата ова го смета за најдрската од новите тактики на уличните наркодилери да привлечат муштерии.
Пред две години, низ градот се лепат налепници со QR кодови, чие скенирање овозможува контакт со дилери. Овој тренд стана популарен низ Амстердам. Набрзо потоа, низ пабовите биле оставани визит-карти на дилери, а потоа и флаери со комплетно мени за разни видови дрога, со гаранција за достава 24/7 за нарачки од најмалку 50 евра.
Полицијата има ограничено поле за дејство. Истрагите честопати не водат никаде бидејќи QR кодовите обично се поврзуваат со анонимни, еднократни броеви или со канали на странски сервери до кои германските власти не можат да пристапат. На полициските службеници не им е дозволено анонимно да нарачуваат дрога, бидејќи судовите тоа го сметаат за поттикнување на кривично дело.
Борбата против новите тактики се сведуваат на совети за јавноста да не ги отвораат и итно да ги пријават ненарачаните пратки од сандачињата и да ги кинат налепниците за кои ќе утврдат дека водат кон дилери.
Дилерите на дрога првенствено го користат овој метод за рекламирање на својот бизнис. Рекламирањето дрога е нелегално. Нелегално е да се одговара на реклами од ваков вид, предупредува полицијата.
Во јуни полицијата извршила 16 претреси во такси-компанија која служела за дистрибуција на кокаин. Тоа не го промени отвореното рекламирање.
Дилерите едноставно ја анализираа ситуацијата поладнокрвно од кој било политичар. Ризикот е пресметан, пазарот расте. Сега кога децата стануваат пресметан ризик во бизнисот, чекањето повеќе не е опција, забележува Овилер Вајнлаин од BerlinerZeitung.