Дрон против комарци може да спаси милиони животи

Автономен дрон кој со стопроцентна гаранција ги уништува комарците може да биде решавачкото оружје во вечната борба против инсектите што пренесуваат маларија и разни други заразни болести. Важи за поефикасен од разните запрашувања, спрејови, светилки и механички тепалки, а воедно не претставува ризик за околината, дури ни за другите инсекти.

Микро-дронот „Торниол“ на француските инженери Алекс Тусан и Кловис Пидало е дизајниран да го уништува комарците во лет.

Квадрикоптерот тежи 40 грама, го собира на дланка, но претставува технолошко ремек-дело. Вградени му се ултразвучни сонари, кои со помош од вештачка интелигенција ги препознаваат посебните инсектите според нивниот акустичен потпис - фреквенцијата на удари на нивните крилја. На тој начин може да ги изолираат само комарците, да ги следат и да ги уништат во лет, оставајќи ги пчелите и другите мушички важни за поленизирање. Може да се користи за автономно патролирање во одреден периметар.

Проектот на Тусан и Пидало веќе привлече инвестиции од десетици илјади долари и доби поддршка од престижниот калифорниски акцелератор на стартапи Y Combinator. Торниол се уште не е достапен на пазарот, но ќе биде прилично скап за својата големина. Ќе чини 1.100 долари, но за раните претплатници ќе биде достапен за изнајмување за 50 долари месечно. Инженерите, сепак, тврдат дека нивното решение за комарците е поевтино од сите други. 

Од сите досегашни примени на вештачката интелигенција, дронот против комарци на француските инженери Алекс Тусан и Кловис Пидало може да се покаже како еден од најполезните за човештвото. 

Еден мал дрон е доволен за да заштити луѓе во соба или на тераса од убоди на комарци, а кога се користат во јата може да покријат површина од повеќе квадратни километри.

Дронот може да послужи во кампањи за искоренување на болести пренесувана од комарци, кои се најсмртоносниот жив непријател на човекот. Само маларијата пренесувана од комарците секоја година убива по 600.000 луѓе, а тука се и денга треската, западнонилската треска, јапонскиот енцефалитис, жолтата треска и вирусот Зика.

 

16 јули 2026 - 11:26