Америка отвора војна против меѓународниот суд бидејќи онаа со Иран е понезгодна

Американскиот државен секретар ја префрли топката на терен на Меѓународниот кривичен суд не затоа што има некоја најава дека по налог на судот би можел да настрада некој нивен во странство. Марко Рубио се закани дека ќе го размонтира судот бидејќи е тоа многу полесно отколку да го размонтира теократскикот режим во Иран.   

Предводена од државниот секретар Марко Рубио, администрацијата на Трамп ја обновува борбата со Меѓународниот кривичен суд (МКС). Во колумна во „Волстрит журнал“ Рубио објави дека „САД започнуваат дипломатска кампања со едноставна порака - суверени држави наспроти глобализмот“.

„Доколку е потребно, ќе го растуриме МКС - цигла по цигла“, напиша таму.

Во посебна видео објава на Икс, Рубио се закани: „МКС ќе научи што значи американската решителност“.

„Целта е да се зајакне стратешкиот наратив за суверенитет наспроти глобалистичката супремација, но и да се одвлече вниманието од тековниот хаос што произлезе од војната во Иран“, оценува Том Роган.

Тој смета дека Рубио не нишани  кон судот поради некоја нова закана од организацијата, туку од два други мотива: прво да ја зајакне својата позиција кај МАГА базата на Доналд Трамп пред потенцијалната прелиминарна битка против  Џ.Д. Венс. Втората е да се одвлече вниманието од растечката загриженост на јавноста за војната во Иран. 

Рубио се чини дека бара криза таму каде што не постои. Како што самиот забележува во својот колумна, Трамп веќе има експлицитно овластување (според американските правила) да употреби какви било потребни мерки - вклучително и воена сила - за да спречи или да  прекине притворање на американски граѓани во име на МКС. Со оглед на тоа што Трамп претходно воведе санкции и визни ограничувања за службеници на МКС, тоа овластување веќе се користи.

Во Вашингтон сепак постои страв некој од нив да биде притворен во странство по налог на МКС, страв кој најексплицитно го искажа штотуку починатиот сенатор Линдзи Грем кога беше објавена потерница по Нетанјаху:

„Ако го дозволиме тоа, ние сме следни“, ги пренесовме неговите зборови во Ете зошто Вашингтон се вознемири од Хаг.

Но, и да постои некоја таква намера, ФБИ и американските тајни служби сигурно би дознале за неа.

Рубио сигурно го знае ова. Па сепак ја префрлува топката на терен на меѓународниот суд бидејќи тоа е многу полежерен терен за игра отколку хаосот во кој упаднаа напаѓајќи го Иран. 

15 јули 2026 - 12:53