Сенаторот Линдзи Грем има многу причини да се срами од своите ставови но познат е баш по тоа што не се срами, па затоа знае најдиректно и најсоголено да го каже она што другите американски политичари го виткаат во обланди. Така беше со задоволството што гинат Украинци ослабувајќи ја Русија, така е и сега, за хашкото барање за апсење на Нетанјаху: „Ако го дозволиме тоа, ние сме следни“.