Трамп ќе финансира МАГА проекти во Европа

Администрацијата на Трамп планира да додели низа грантови во Европа и пошироко за поддршка на иницијативи блиски до неговото движењето МАГА. Главната цел е зајакнување на слободата на говорот. Наменети се 2 милиони долари за групи од Источна Европа и Балканот кои се спротивставуваат на обидите за поткопување на западните цивилизациски норми.

Според известување што Стејт департментот го испратил до Конгресот, предложените грантови вклучуваат 2 милиони долари за „борба против цензурата“ што произлегува од регулативите на ЕУ, вклучувајќи ги Законот за дигитални услуги и Законот за дигитални пазари.

Во документот се детализирани плановите за обезбедување 5 милиони долари за „развој на цивилизациски сојуз“ во Европа, но не е наведено дали администрацијата веќе одредила група што ќе го спроведе проектот. Потенцијалните намени на грантот вклучуваат иницијативи за „одбрана на слободата на изразување, политичката конкуренција и националниот суверенитет“ на континентот.

Другите проекти наведени во известувањето се поблиски до досегашните напори на САД за надворешна помош, вклучувајќи средства за истражување и спротивставување на обидите на авторитарните влади да ги замолчат своите критичари во странство.

Второто известување до Конгресот вклучува наменски средства од 5 милиони долари за Free Speech Union International – меѓународна гранка на истоимената британската група основана од конзервативниот лорд Тоби Јанг - со цел „промовирање на правото на слобода на изразување во земјите во кои делува. Јанг изјави неговата група изразила интерес, но се уште не поднела официјално барање за грантот.  

Предложени се и проекти за доделување 2 милиони долари на групи во Источна Европа и на Балканот кои се спротивставуваат на обидите за поткопување на западните цивилизациски норми.

Седум милиони долари се наменети за новата британско-американска организација за истражување и анализа „878“, чиј коосновач е Џејкоб Рис-Мог, поранешен министер во конзервативната влада.

Предвидена е и поддршка за напорите за спротивставување на пречекорувањето на судските овластувања и на цензурата во Бразил, чија администрација е обвинета за политички прогон на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, сојузник на Трамп.

Милион долари се за документирање на прекршувањата на човековите права врз етничките малцинства во Јужна Африка. Во документот не се спомнуваат експлицитно белците во Јужна Африка, но администрацијата на Трамп во повеќе наврати се обидуваше да ги прикаже како жртви на дискриминација и геноцид поддржани од владата.

Програмите сè уште се предмет на активна анализа. Добивањето грант не е загарантирано за ниту една организација што не ги исполнува сите барања и стандарди за федерални грантови, соопшти Стејт департментот.

Најголемиот грант наведен во предлогот изнесува 40 милиони долари и е наменет за Фондацијата за спомен на жртвите на комунизмот – непрофитна организација со седиште во САД, посветена на одбележување на споменот за жртвите на комунистичките режими. Основана е во 1993 година со акт на Конгресот, потпишан од претседателот Бил Клинтон, а добивала пари од сите администрации, вклучувајќи ја и онаа на Џо Бајден.

19 јули 2026 - 10:20