Пророкот Маск: ВИ ќе царува, Британија ќе војува

За пет години системите со ВИ ќе ја надминат интелигенцијата на целото човештво. За 10 години роботите целосно ќе ги заменат работниците и ќе создадат изобилство во кое парите ќе бидат бесмислени. А за 20 години Британија ќе биде во граѓанска војна. Ова се пророштвата на Илон Маск во интервју во кое всушност само гласно го кажа она што многумина го премолчуваат.

Имам длабока доверба во сопствените предвидувања. Луѓето не разбираат дека се што сум предвидел се остварило, вели најбогатиот човек на светот во интервјуто британски „Економист“.

Одговарајќи на критиките од главната уредничка Зени Минтон Бедоус дека во обраќањето до своите 240 милиони следбеници на Икс охрабрува расизам, Маск одговара дека мејнстрим медиумите одбиваат да ја препознаат реалната закана за западната цивилизација.

Партнерката ми е со потекло од Индија и со неа имам четири деца. Едно од нив го носи името на познат индиски физичар. Толку за расизмот. Јас сум против населување луѓе со неетички ставови. Јас сум против силувања и убиства, против наметнување правила и закони што се во спротивност со она што сме го прифатиле на Западот.

Тој ја отфрли и квалификацијата дека ја поддржува екстремната десница.

Не, јас поддржувам нормални луѓе. Оние што бие погрешно ги нарекувате екстремни десничари. Нивните повици за безбедни граници, безбедни градови и одговорно трошење до пред само 10 до 15 години беа општи барања, изјави Маск.

Не се сосема без основа ни неговите предупредувања за граѓанска војна во Британија. Уште минатата година професорот Дејвид Бец од Кралскиот колеџ во Лондон предупреди дека јавните предупредувања за закана од руска инвазија служат како погодно покритие за зајакнување на инфраструктурата и за формирање граѓанска милиција за справување со внатрешни конфликти.

Пред само неколку дена британската влада ги повика семејствата да направат долгорочни залихи од храна, вода, лекови и радио-апарати. Најавена е Операцијата Албистон Шедоу - најголемата вежба за одбрана на земјата во последните неколку децении.

Говорејќи за глобалниот подем на технологијата, Маск оцени дека ќе биде нужна масовна прераспределба на богатството, бидејќи алатките со ВИ и роботите ќе ја зголемат продуктивноста. Лично изрази спремност да плаќа данок од милијарди долари за да се обезбеди универзален приход за граѓаните.

Кинеските технолошки компании не ги смета за закана, туку за конкуренција. Дури и очекува Кинезите да победат во трката, бидејќи нивните капацитети за генерирање струја и масовно производство на роботи далеку ги надминуваат оние на САД.

25 јули 2026 - 13:46