
Папата Лав 14-ти најави дека мисијата што ќе го дефинира неговиот понтификат ќе биде ограничувањето на ризиците од неконтролираната вештачка интелигенција. Таквата мисија му прилега како дипломиран математичар и прв папа од САД, земјата што ја почна технолошката револуција.
Уште при првото обраќање до кардиналите, тој предупреди на „опасностите од ВИ за човечкото достоинство, правдата и трудот“. Два дена подоцна пред новинари го поздрави „огромниот потенцијал“ на технологијата и повторно побара таа да се користи одговорно и за доброто за сите.
Ватикан сака да избегне развој на вештачката интелигенција во насока што би била штетна за човековите права и достоинството. Тоа непропорционално би се одразило на работниците со пониски вештини, вели Марија Савона, професорка по економија и експерт за ВИ на Универзитетот Луис во Рим.
Ватикан почна да го бара улога во регулирањето на вештачката интелигенција уште во времето на папата Франциск. Тој во 2020 година организираше состанок на религиски и политички лидери со претставници на технолошки гиганти како IBM и Cisco за да го потпишат Римскиот повик за етика во ВИ.
Новиот папа ја продолжи мисијата и по првата средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони двајцата ветија дека ќе се залагаат за „етички и човечки ориентиран развој на вештачката интелигенција“.
Улогата на Црквата како „експерт за човечноста“ му помага на Лав да ја пренесе мисијата низ католичките земји и да биде мостот што Европа и Америка би ги поврзал со Глобалниот југ.
Папата може да помогне за глобално стандардизирање на регулативите за ВИ. Тоа би било многу корисно, додава Савона.