- Американски адвокат од Индијана го тужи Фејсбук затоа што му ја скинале неговата Фејсбук страница заради „лажно претставување“ како нивниот шеф.
- „Јас го носам тоа име подолго од него,“ вели адвокатот кој од како знае за себе се вика Марк Закерберг.
- Адвокатот кој специјализира случаи со банкротства ја тужи платформата бидејќи му ја блокирале страницата откако потрошил илјадници долари промовирајќи ги своите услуги на Фејсбук.
- „Не е смешно, особено кога ми брцаат во џеб“, вели Марк Закерберг постариот.
- Од другите непријатности кои му ги носи тоа име биле смртни закани и стотици барања за пријателства дневно.
- Кога закажува маса во ресторан, користи лажно име бидејќи во спротивно, мислат дека сос нив се подиграва, да му мине времето.
- Во просек сме, за стандардите на новите генерации – технолошки полуписмени: знаеме да пишуваме компјутерски текст, да отвориме мејл, да користиме Вибер или Вотсап, а некои од нас си имаат и фејсбук-профил, „најнапредните“ се дури и на Инстаграм. И тоа е тоа.
- На младите им изгледаме како музејски примероци на диносауруси, кои немале доволно издолжени прсти со кои би „типкале“ по „скриновите“ на електронските уреди и „паметните“ телефони. И затоа што не се приспособиле, не ни опстанале, како и диносаурусите.
- Моите синови, Видан (9) и Григор (7), на мене гледаат како на тираносаурус кој не се приспособил кон новиот, нивен свет. Тие сакаат по професија да бидат инфлуенсери, гејмери, јутјубери (добро, и годините им се тие, но и идолите им се тие), и тоа сигурно ќе се менува низ нивните животи. Но, ним им е НЕРАЗБИРЛИВ СВЕТОТ во кој јас СУМ БИЛ професор, колумнист и писател.
- Во периоди на екстремно губење компас („Забеганиот свет“ на Ентони Гиденс), можеби токму конзервативноста може да биде авангардна.
- Откако започна регистрирање на просечната брзина на одредени делници од патиштата, откриени се 900 прекршители. Просечниот интензитет е четири прекршители во минута, изјави за bTV директорот на Националната администрација за патарини, проф. Олег Асенов.
- За почеток се покриени 22 делници, камери за просечна брзина има на сите автопати и на клучните делници со висока концентрација на сериозни несреќи.
- До крајот на годината ќе бидат покриени вкупно 1.200 км.
- Како функционира системот? Пар камери - една на почетокот и една на крајот од дадена делница. Тие го детектираат точното време кога автомобилот поминува пред нив. Го снимаат бројот на регистарската табличка на автомобилот, го пресметуваат времето што ви било потребно за да го поминете растојанието помеѓу двете камери, ја пресметуваат просечната брзина и ја споредуваат со ограничувањето.
- Доколку има прекршок, ќе добиете електронска казна преку познатите канали - СМС, е-пошта или на платформи како што се eGov и мобилни апликации. За странци најверојатно на излез од земјата.
- Прв „рекордер“ е некој кој возел просечно 222 километри на час.