Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Марк Закерберг го тужи Марк Закерберг

6 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американски адвокат од Индијана го тужи Фејсбук затоа што му ја скинале неговата Фејсбук страница заради „лажно претставување“ како нивниот шеф.
  • „Јас го носам тоа име подолго од него,“ вели адвокатот кој од како знае за себе се вика Марк Закерберг.
  • Адвокатот кој специјализира случаи со банкротства ја тужи платформата бидејќи му ја блокирале страницата откако потрошил илјадници долари промовирајќи ги своите услуги на Фејсбук.
  • „Не е смешно, особено кога ми брцаат во џеб“, вели Марк Закерберг постариот. 
  • Од другите непријатности кои му ги носи тоа име биле смртни закани и стотици барања за пријателства дневно.
  • Кога закажува маса во ресторан, користи лажно име бидејќи во спротивно, мислат дека сос нив се подиграва, да му мине времето.
извор

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

8 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Бугарското Национално собрание по итна постапка усвои закон што на државата ѝ овозможува да преземе директна контрола врз рафинеријата на руската компанија Лукоил во Бургас.
  • Цел на Законот е да се обезбеди работење на најголемата рафинерија на Балканот откако Лукоил поради санкции од САД беше принуден да го продаде својот имот во странство.
  • Владата ќе назначи специјален администратор, кој ќе управува со компанијата ако се оцени дека постои ризик по националната или енергетската безбедност на земјата. Бугарската влада тврди дека ова не е национализација, туку „заштитна мерка што ќе се активира само ако работењето на рафинеријата биде загрозено“.
  • Администраторот ќе има право да гласа во името на акционерите, да управува со средствата и, ако е потребно, да предложи продажба или преструктурирање на делови од компанијата.
  • Рафинеријата во Бургас обезбедува најголем дел од горивата за бугарскиот пазар и овозможува извоз во соседните земји. 
извор

Турција објави налог за апсење на Нетанјаху

8 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Турција објави налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и високи функционери во неговата влада. Ги обвинува за геноцид против Палестинците во Газа и злосторства против човештвото.
  • На списокот се 37 израелски функционери, вклучувајќи ги министерот за одбрана Израел Кац, министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир и началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили Ејал Замир.
  • Во соопштението на Анкара се спомнува и инцидентот од март годинава, кога беше гранатирана „Болницата за пријателство“, изградена од Турција во Појасот Газа. Израелските одбранбени сили во тоа време соопштија дека објектот го користеле оперативци на Хамас и дека „не бил користен како активна болница повеќе од една година“.
  • Отфрлајќи ги обвиненијата, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ги нарече „најновата пи-ар акција на тиранинот Ердоган“.
  • „Налозите за апсење на високи израелски функционери јасно објаснуваат зошто Турција не треба да биде присутна во Појасот Газа - директно или индиректно“, порача поранешниот министер за надворешни работи Авигдор Либерман. Турција сака да биде дел од меѓународните сили за стабилизација од планот на Доналд Трамп за повоена Газа.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Сте виделе како оди брат му на Јокиќ?

Разно
2

„Жолтата подморница“ влегува во Македонија

Фудбал
3

Талески: Не разговарам со Кузмановски, а Лазаров не би го поздравил на улица

Ракомет
4

Видете го планот на ЕУ за брзи пруги и сè ќе ви стане јасно

Онака
5

Имате ли ваков другар?

Балканштина
6

Песна за липата и чајот

Разно
7

Македонскиот Никола Тесла

Македонштина
8

„Вардар и навивачите веќе не се добродојдени во Битола, обезбедувањето на Миленко се шета со пиштоли“

Фудбал
1

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

2

И Израел има свои тунели за заробеници

Свет
3

Чипови во шприц сами наоѓаат пат до мозокот

Здравје
4

Вештачката интелигенција е новата работничка класа

Технологија
5

Кина на ториумски погон

Технологија
6

Европското технолошко чудо Естонија

Свет
7

Турција објави налог за апсење на Нетанјаху

8

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Песна за липата и чајот

Македонштина

Македонскиот Никола Тесла

Македонштина

Идната госпоѓа Миа Јангелова

Македонштина

Постојат прекрасни идиоти

Балканштина

Рецензија за ракија

Балканштина

Швалери од бекстејџ

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Штом Кембриџ вика така (втора лекција)

Сменете рака

Летаа воспитни шамари во ОН

Бурекот наречен желба

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy