
Водичот кој го изработила организацијата „Брилијантниот клуб“ предлага напуштање на идејата дека Викинзите биле „хомогена заедница на русокоси Скандинавци“. Наместо тоа, се препорачува да се подучува дека Викинзите биле „многу диверзифицирана група луѓе“ со „различни религиозни верувања“.
Во упатството се повикуваат туторите да земат предвид дека „некои Викинзи станале муслимани“ и ја практикувале таа религија, поради исламски симболи пронајдени во гробовите на некои Викинзи (за кои се смета дека се набавени со трговија).
Последната голема студија за ДНК на Викинзите, спроведена од Универзитетот во Кембриџ во 2020 година, сугерираше дека разновидноста во скандинавската генетика доаѓа од други делови на Европа и од она што сега е Русија.
„Брилијантниот клуб“ стипендира програма која сместува докторанти во повеќе од 800 училишта за да ги подучуваат учениците од социјално ранливи групи и да им помогнат да стигнат до универзитет.
Една од главните цели им е да се напушти „евроцентричниот“ наратив на историските случувања и да се замени со деколонизиран пристап.