Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

18 повредени и три уништени погони во пожар во Винчини

7 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница, позната по производите од брендот „Винчини“, изјави Стојанче Ангелов.
  • Во неколкучасовна интервенција на многубројните противпожарни екипи, пожарникари добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.
  • Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди во пожарот, дел се задржани таму, дел се препратени на клиниките во Скопје.
  • Сите се во стабилна состојба.
извор

Русјаков: Големото дувло

7 September 2025
  • Share
  • Post
  • По „Големото уво“, НАТО ни ги истегна ушите напаѓајќи ни ја територијата од својот протекторат, за да нè затвори во рамка во која сме поделени на племиња, водени од криминални поглавари што тие ги аминуваа, а нè доведоа во состојба во која избраните што нè владеат енормно се збогатуваат, додека сиромашниот народ бега од државата.
  • По „Вистината за Македонија“, умре прво вистината, а потоа и Македонија беше крвнички ликвидирана. Оваа брутална операција, спонзорирана од „меџународната“, а спроведена како специјална војна, имаше и свој перформанс, кој патуваше од јавно емитување криминално набавени туѓи интимни разговори до Шарена револуција.
  • И еве нè сега во третиот чин на македонската разузнавачка трагедија. Овој чин уште нема име, па јас ќе си го наречам „Големото дувло“.
  • „Големото дувло“ и неговите медиуми побараа декласификација на документите што АНБ ги достави до обвинителството како докази за нови нелегални прислушувања. Сакаат, бре, она што тие го прислушувале, целата интима на прислушуваните, сега јавно да се објави, за народот да добие нова вербална оргија. Демек како што Заев имал храброст, онаа грозоморна незаконска перверзија наречена „Вистината за Македонија“ јавно да ја објави.
  • А не се малку таквите на кои туѓата интима, особено онаа сексуалната, им е единствена животна енергија. За многумина туѓите воздишки се поважни од што знам, од роденденот на нивните деца. На крајот на краиштата, за што да прават муабет, ако не за туѓите авантури (свои немаат) што некој ги пласирал јавно, додека децата во игротека прославуваат?
извор

Андоновски: Новиот свет на госпоѓата Чет

7 September 2025
  • Share
  • Post
  • Во просек сме, за стандардите на новите генерации – технолошки полуписмени: знаеме да пишуваме компјутерски текст, да отвориме мејл, да користиме Вибер или Вотсап, а некои од нас си имаат и фејсбук-профил, „најнапредните“ се дури и на Инстаграм. И тоа е тоа.
  • На младите им изгледаме како музејски примероци на диносауруси, кои немале доволно издолжени прсти со кои би „типкале“ по „скриновите“ на електронските уреди и „паметните“ телефони. И затоа што не се приспособиле, не ни опстанале, како и диносаурусите.
  • Моите синови, Видан (9) и Григор (7), на мене гледаат како на тираносаурус кој не се приспособил кон новиот, нивен свет. Тие сакаат по професија да бидат инфлуенсери, гејмери, јутјубери (добро, и годините им се тие, но и идолите им се тие), и тоа сигурно ќе се менува низ нивните животи. Но, ним им е НЕРАЗБИРЛИВ СВЕТОТ во кој јас СУМ БИЛ професор, колумнист и писател.
  • Во периоди на екстремно губење компас („Забеганиот свет“ на Ентони Гиденс), можеби токму конзервативноста може да биде авангардна. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Е јеби га

Македонштина
2

И Србија доби датум

Балканштина
3

Што е ова ако не е права магија

Македонштина
4

Не му ги сакајте политиките, ама Путин е класа

Видео
5

Три пијалоци кои за замастена јетра се поштетни од алкохол

6

Вака се работи

Балканштина
7

Вака мирисаа ‘80-те: 20 парфеми што уште ги паметиме

8

Трамповите нинџи и нивните рибарски жртви

Свет
1

Три пијалоци кои за замастена јетра се поштетни од алкохол

2

Трамповите нинџи и нивните рибарски жртви

Свет
3

ВИ прелистувач може да ви ја исцица банкарската сметка

Интернет
4

Марк Закерберг го тужи Марк Закерберг

5

ЗНМ згрме!

6

18 повредени и три уништени погони во пожар во Винчини

7

Масовен отповик на вештачки колкови

Здравје
8

Откако проработеа камери на бугарските патишта, 4 прекршоци во минута

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

И Србија доби датум

Македонштина

Што е ова ако не е права магија

Балканштина

Вака се работи

Македонштина

Е јеби га

Балканштина

Сеир, видео дефиниција

Балканштина

Нема ова долго да трае

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Њујорк тајмс за шампитата

Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?

Спасоносно однесување

Маркс стана капиталистичка сопственост

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy