
Познатиот водич, првпат објавен од француската компанија за гуми во 1900 година, сега опфаќа повеќе од 30 земји и продава по 30 милиони примероци. Неговиот систем за оценување и фамозните ѕвезди - една за висококвалитетно готвење, две за извонредност и прочуените три ѕвезди за исклучителна кујна - се Свет грал за угостителите низ целиот свет а многумина станаа светски познати готвачи заради нив.
Во најновата верзија на водичот за Велика Британија и Ирска, кој содржи 1.147 ресторани, 220 се означени со ѕвезди, вклучувајќи го првиот грчки ресторан на кој му е доделена една, еден англо-тајландски и еден корејски ресторан. Два западноафрикански ресторана од Лондон добија ѕвезди во 2024 година.
Но, и покрај постоечката разновидност во водичите, критичарите тврдат дека пристапот на Мишелин е генерално „парохијален“ и дека игнорира „огромни делови од светот“.
Зад ваквите пропусти некои гледаат прикриен расизам, како што е Туласи Сринивас, професорка по антропологија, религија и транснационални студии на колеџот Емерсон во Бостон.
Таа се чуди зошто не постои Мишелин водич за Индија, една од најголемите и најстарите кујни во светот, или за Африка со нејзината разновидност на културни вкусови.
Таа го критикува „инхерентно елитистичкиот“ водич кој слави опскурни европски гастрономски техники како што се „готвењето на оган“ во Стокхолм или „молекуларната гастрономија“ во Шпанија.
Експанзијата на „Мишелин водичот“ во нови региони често се финансира од локалните туристички организации или влади; Тајланд, на пример, плаќа повеќе од 3 милиони фунти за водичот да ги рангира квалитетните ресторани во Бангкок. За професорката, ова е срамна трговија - ѕведи за пари.
Зина Фелдман, професорка по дигитална култура на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека дупките кои ги оставаат традиционалните мерни инструменти како што е Мишелин, во последно време ги пополнуваат влијателните рецензенти на храна на социјалните медиуми кои им даваат видливост на недоволно застапените кујни.
Од друга страна, луѓе кои го ценат значењето на Мишелин вели дека чувството за ексклузивност се стекнува заради педантното водење сметка за врвниот квалитет. Во последно време водичот воведе и нови категории како што се „најдобра вредност за парите“ и водич за ресторани кои користат исклучиво локални намирници.
*******
Види и:
Што е разликата кај бројот на Мишелин ѕвезди?
Како Мишелин стана авторитет за ресторани
Готвач побара да му се одземат Мишелин ѕвездите за да има раат
Како најдобриот суши ресторан на светот остана без трите Мишелин ѕвезди
Мишелин оброк со 27 јадења и пак гладни
Првата "бутка" за храна што доби Мишелин ѕвезда
Зошто Рене Реџепи не доби трета Мишелин ѕвезда?
Вон конкуренција: