Откако целосно е воспоставено во 1933 година, критериумите на рангирање на најпрестижниот светски водач низ светската гастро сцена се немаат менувано.
Рангирањето е уникатно и се базира исклучиво врз оценките на анонимни, специјално обучени и тренирани Мишелин рецензенти кои посетуваат безброј ресторани низ целиот свет за на крај да дојдат до она што е најдобро од најдоброто. Во конечната пресуда никаква улога немаат мислењата на јавноста, популарноста на некои ресторани, онлајн ѕвездите и лајковите.
Дали некој ресторан ќе добие или нема да добие ѕвезда зависи од пет критериуми:
- квалитетот на користените намирници
- мајсторство за вкусот и готвачките техники
- персоналитетот на главниот готвач и неговата кујна
- конзистентноста на понуденото помеѓу две посети.
Во крајната оценка не влегува внатрешното уредување на ресторанот, како се поставени масите или перформансите на келнерите.
Ресторани кои имаат една ѕвезда важат за најдобрите места во својата категорија. Дека се одлични, ама дека има и подобри.
Добиени две ѕвезди значат признание за „извонредно кулинарство“ за кое вреди да скршнеш од патот по кој си тргнал.
Најмногу можат да се добијат три ѕвезди и тоа е престижен знак дека се работи за „исклучителна кујна“ која сама по себе вреди да тргнеш на пат. Со три ѕвезди се закитени само 120 ресторани во светот.
Покрај ѕвезденото, има и „Биб Гурман“ рангирање, именувано по маскотата на фирмата кое оддава почит на „фини пријателски места кои нудат добра храна за пристојни цени“.
Кулинарскиот Оскар започнува како идеја на браќата Мишелин, основачите на познатата компанија за автомобилски гуми. Во 1900 година, во Франција нема ниедно црешово топче ама има околу 3.000 автомобили на улиците и патиштата. За да ја подбутнат побарувачката за автомобили, а оттука и на гуми, почнуваат да издаваат брошура кој треба да им помогне на возачите. Во неа има мапи, корисни информации каде да полнат резервоар, каде има механичарски работилници, каде се јаде... На почетокот печателе десетици илјади бесплатни примероци, но кога еден од браќата посетил механичарски дуќан и видел дека нивната брошура се користи како хартија за бришење, сфатил дека луѓето го ценат само она за што дале пари. Ставаат цена на брошурата и така полека се раѓа фамата.
Вкупно на светот постојат над 2.000 ресторани со ѕвезди на Мишелин. Њујорк, на пример, има 55 места со една, 15 ресторани со две а пет со три ѕвезди (Chef’s Table, Eleven Madison Park, Le Bernardin, Masa и Per Se).
А Мишелин картата на Франција изгледа вака:
Унгарија има три ресторани со по една Мишелин ѕвезда, а будимпештанскиот Оникс годинава доби две ѕвезди.
Да не го мислите.