Писателката Џералдин Деруитер и авторка на блогот Everywhereist, има отидено во ужасни и пресмешни детали за едно нејзино искуство со друштво во Брос. Оброкот бил скап, претенциозен и воопшто не се воздржува да го просветли светот за чистата глупост што се обиделе да им ја сервираат и фигуративно и буквално.
„Можеби на персоналот му снема храна таа вечер. Можеби ја помешаа нашата маса со маса на некои бивши љубовници. Можеби беа пијани. Но, ние добивме 12 видови пена, па нешто што можам да го опишам само како векна од остриги со вкус на аеродромот Њуарк.“
Објавата е толку добра, што станува вирална на Твитер, и ова не може да се измисли. А и да се посомнева човек - има слики за доказ.
И вака вели нишката на Твитер:
Ви текнува како пред некое време реков дека бев во ресторан со Мишелин ѕвезди и беше еден од најужасните оброци во мојот живот? Конечно седнав и пишував за тоа фијаско.
Забелешка: не сум љубезна. Ама, после толку дадени пари пак да мораш да му даваш Бенадрил (за алергии) на маж ти, секој би се налутил.
Ова беше најбогатото јадење од 27-те (Добивме и шест нудли и по едно парче леб за секого). Ја додадов чинијата за леб заради размер:
Ова е јадење за двајца во Брос:
Најиритантните аспекти од целото искуство:
- Кога еден од гостите за време на долгите паузи меѓу јадењата стана да пуши цигара надвор и го искараа да седне.
- Кога еден од гостите не доби ништо за време на сервирањето на три јадења, затоа што не знаеја како да се снајдат со неговите алергии.
- Кога маж ми добиваше храна на која беше алергичен, постојано, затоа што не им беше гајле за неговите алергии.
- Кога еден од келнерите ме искара дека јадам. Овие одвоени, па споени парчиња портокал (по еден за секого) беа сервирани како едно од јадењата. Прашав дали можам да го изедам портокалот (сите добивме, а јас, во овој момент веќе бев екстремно гладна). „Да,“ рече келнерот, изнервиран. „Ама не би требало.“ Ми дозволи да изедам две парчиња и си го зема овошјето.
На оваа слика, Ранд, сопругот на авторката држи едно ЦЕЛО јадење од „многуте“ сервирани - како хартија тенок крекер во вид (или од?) риба:
Ова е од главните јадења. Околу една супена лажица храна:
Ова е парче леб од остриги со пена. Фаците на луѓето доволно кажуваат:
Кафена лажичка сладолед од маслинки:
Уште едно „јадење“ - цитрусна пена - беше сервирано во гипсена варијанта од устата на готвачот. Не ни дадоа прибор и ни рекоа да ја излижеме од устата на готвачот во сцена што сум сигурна дека беше украдена од источноевропски хорор филм.
Уште не сум го надминала тоа, мислев дека ќе биде од ф‘стак. Келнерите ништо не ти објаснуваат.
Јадењето со капки месо:
Седевме за уште неколку јадења, меѓу кои и манчамалоу со вкус на риба и едно што се викаше „замрзнат воздух“ што буквално се стопи пред да го изедеме, што беше и како проклета метафора за целата вечер.
Некој нашол и слика од готвачите:
Сега појасно ли е?
Еве уште една:
Готвачот на Брос, Флоријано Пелегрино ги нашол твитовите и се обидел да филозофира дека храната е уметност.
Џералдин вели,
„Дечки, готвачот на Брос ми одговори на критиката и тоа баш идиотски како што очекував и врескам од радост.“
А одговорот од овој готвач во мрежаста маица е следниот:
Тоа што можеш да нацрташ човек на коњ, не те прави уметник. Резултатот од твојот талент може да биде прекрасен за гледање, но не е уметност.
Да нацрташ човек на коњ е како да правиш храна. Многу луѓе знаат да зготват добра храна. Баба ти можела. Жена ми е одлична. Мекдоналдс совршено знае да направи хамбургер што речиси на сите им се допаѓа, а пицеријата зад аголот исто совршено работи.
Подготвувањето храна е како цртање човек на коњ, не е така тешко, но повеќето луѓе ќе ти се восхитуваат.
(Овде има цртеж од човек на коњ)
Некои луѓе се одлични готвачи. Прават спектакуларна храна. Ја изучувале историјата на подготвување храна и земале часови за готвење. Уметникот зад оваа слика го направил истото. Тој е како сопственик на ресторан со три Мишелин ѕвезди. Мајстор готвач.
(Овде ја има оваа слика)
Проблемот со овој уметник е дека многу уметници имаат слики како неговата. Се восхитувам на квалитетот. Добро се направени. Но, здодевни ми се такви спектакуларни слики. Лувр и Прадо и Ермитаж се полни со нив. Импресивни се, но плитки.
Современиот уметник, наместо тоа, цело време бара нови хоризонти. Во сè се сомнева, па и во себе. Ја истражува секоја граница, го предизвикува и самиот концепт на уметноста.
Што е уметност? Што е храна? Што е готвач? Што е клиент? Што е добар вкус? Што изгледа прекрасно?
Што е маж на коњ?“, глупо ќе поентира овој wannabe Полок на готвењето.
Гладната блогерка не попушта, па му одговара:
„Друже, јас само сакав малку протеин.“