- Консумирањето на засладени пијалоци може да предизвика потешко оштетување на црниот дроб отколку умереното пиење алкохол, при што во првиот случај, штетните ефекти се појавуваат за само неколку недели, а не за години.
- Тоа се газираните сокови, овошните сокови и енергетските напитоци.
- Д-р Едмонд Хакими, медицински директор во Велбриџ во Калвертон, Њујорк, открива дека пијалоците богати со фруктоза можат да доведат до значително акумулирање на масти во црниот дроб во рок од само неколку недели.
- „Дневен внес на пијалоци со висока содржина на фруктоза може да предизвика мерливо натрупување на масти во црниот дроб во рок од неколку недели, додека алкохолно замастување на црниот дроб обично трае со години прекумерно пиење“, тврди доктор Хакими.
- Во просек сме, за стандардите на новите генерации – технолошки полуписмени: знаеме да пишуваме компјутерски текст, да отвориме мејл, да користиме Вибер или Вотсап, а некои од нас си имаат и фејсбук-профил, „најнапредните“ се дури и на Инстаграм. И тоа е тоа.
- На младите им изгледаме како музејски примероци на диносауруси, кои немале доволно издолжени прсти со кои би „типкале“ по „скриновите“ на електронските уреди и „паметните“ телефони. И затоа што не се приспособиле, не ни опстанале, како и диносаурусите.
- Моите синови, Видан (9) и Григор (7), на мене гледаат како на тираносаурус кој не се приспособил кон новиот, нивен свет. Тие сакаат по професија да бидат инфлуенсери, гејмери, јутјубери (добро, и годините им се тие, но и идолите им се тие), и тоа сигурно ќе се менува низ нивните животи. Но, ним им е НЕРАЗБИРЛИВ СВЕТОТ во кој јас СУМ БИЛ професор, колумнист и писател.
- Во периоди на екстремно губење компас („Забеганиот свет“ на Ентони Гиденс), можеби токму конзервативноста може да биде авангардна.
- Откако започна регистрирање на просечната брзина на одредени делници од патиштата, откриени се 900 прекршители. Просечниот интензитет е четири прекршители во минута, изјави за bTV директорот на Националната администрација за патарини, проф. Олег Асенов.
- За почеток се покриени 22 делници, камери за просечна брзина има на сите автопати и на клучните делници со висока концентрација на сериозни несреќи.
- До крајот на годината ќе бидат покриени вкупно 1.200 км.
- Како функционира системот? Пар камери - една на почетокот и една на крајот од дадена делница. Тие го детектираат точното време кога автомобилот поминува пред нив. Го снимаат бројот на регистарската табличка на автомобилот, го пресметуваат времето што ви било потребно за да го поминете растојанието помеѓу двете камери, ја пресметуваат просечната брзина и ја споредуваат со ограничувањето.
- Доколку има прекршок, ќе добиете електронска казна преку познатите канали - СМС, е-пошта или на платформи како што се eGov и мобилни апликации. За странци најверојатно на излез од земјата.
- Прв „рекордер“ е некој кој возел просечно 222 километри на час.