Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Путин: Западна војска во Украина ќе биде легитимна мета

5 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Владимир Путин предупреди дека сите западни сили распоредени во Украина би биле „легитимна“ цел за руската војска.
  • „Доколку таму се појават воени трупи, особено сега за време на борбите, ќе ги сметаме за легитимни цели“, порача Путин од Владивосток.
  • Претходно, францускиот претстедател Емануел Макрон рече дека 26 земји биле подготвени да испратат свои војници, како дел од гаранциите на кои инсистира Украин во случај на евентуално постигнување договор со Москва.

Види и: Европски „сили за уверување“ на Украина се фантазија

извор

Андоновски: Новиот свет на госпоѓата Чет

7 September 2025
  • Share
  • Post
  • Во просек сме, за стандардите на новите генерации – технолошки полуписмени: знаеме да пишуваме компјутерски текст, да отвориме мејл, да користиме Вибер или Вотсап, а некои од нас си имаат и фејсбук-профил, „најнапредните“ се дури и на Инстаграм. И тоа е тоа.
  • На младите им изгледаме како музејски примероци на диносауруси, кои немале доволно издолжени прсти со кои би „типкале“ по „скриновите“ на електронските уреди и „паметните“ телефони. И затоа што не се приспособиле, не ни опстанале, како и диносаурусите.
  • Моите синови, Видан (9) и Григор (7), на мене гледаат како на тираносаурус кој не се приспособил кон новиот, нивен свет. Тие сакаат по професија да бидат инфлуенсери, гејмери, јутјубери (добро, и годините им се тие, но и идолите им се тие), и тоа сигурно ќе се менува низ нивните животи. Но, ним им е НЕРАЗБИРЛИВ СВЕТОТ во кој јас СУМ БИЛ професор, колумнист и писател.
  • Во периоди на екстремно губење компас („Забеганиот свет“ на Ентони Гиденс), можеби токму конзервативноста може да биде авангардна. 
извор

Откако проработеа камери на бугарските патишта, 4 прекршоци во минута

7 September 2025
  • Share
  • Post
  • Откако започна регистрирање на просечната брзина на одредени делници од патиштата, откриени се 900 прекршители. Просечниот интензитет е четири прекршители во минута, изјави за bTV директорот на Националната администрација за патарини, проф. Олег Асенов.
  • За почеток се покриени 22 делници, камери за просечна брзина има на сите автопати и на клучните делници со висока концентрација на сериозни несреќи.
  • До крајот на годината ќе бидат покриени вкупно 1.200 км.
  • Како функционира системот? Пар камери - една на почетокот и една на крајот од дадена делница. Тие го детектираат точното време кога автомобилот поминува пред нив. Го снимаат бројот на регистарската табличка на автомобилот, го пресметуваат времето што ви било потребно за да го поминете растојанието помеѓу двете камери, ја пресметуваат просечната брзина и ја споредуваат со ограничувањето.
  • Доколку има прекршок, ќе добиете електронска казна преку познатите канали - СМС, е-пошта или на платформи како што се eGov и мобилни апликации. За странци најверојатно на излез од земјата.
  • Прв „рекордер“ е некој кој возел просечно 222 километри на час.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Е јеби га

Македонштина
2

И Србија доби датум

Балканштина
3

Што е ова ако не е права магија

Македонштина
4

Не му ги сакајте политиките, ама Путин е класа

Видео
5

Три пијалоци кои за замастена јетра се поштетни од алкохол

6

Вака се работи

Балканштина
7

Вака мирисаа ‘80-те: 20 парфеми што уште ги паметиме

8

Трамповите нинџи и нивните рибарски жртви

Свет
1

Три пијалоци кои за замастена јетра се поштетни од алкохол

2

Трамповите нинџи и нивните рибарски жртви

Свет
3

ВИ прелистувач може да ви ја исцица банкарската сметка

Интернет
4

Марк Закерберг го тужи Марк Закерберг

5

ЗНМ згрме!

6

18 повредени и три уништени погони во пожар во Винчини

7

Масовен отповик на вештачки колкови

Здравје
8

Откако проработеа камери на бугарските патишта, 4 прекршоци во минута

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

И Србија доби датум

Македонштина

Што е ова ако не е права магија

Балканштина

Вака се работи

Македонштина

Е јеби га

Балканштина

Сеир, видео дефиниција

Балканштина

Нема ова долго да трае

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Живот. Оди па разбери го.

Стварно вака беше

Лекции за патување од Ентони Бордејн

Шибицарите математиката ја извртеа, не па идентитетот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy