
Холандската војска презема илјада хектари земјоделски обработливо земјиште а тамошниот земјоделски сојуз, иако изразува разбирање за потребата од јакнење на националната одбрана, предупредува дека овој потег на многу земјоделци може да им ја загрози егзистенцијата.
Државниот секретар Гијс Пепијн Туинман вели дека е свесен за последиците што оваа одлука може да ги има врз граѓаните и претприемачите.
„Ја почувствував несигурноста и загриженоста на луѓето. Токму затоа е важно да се информираат навремено и транспарентно“.
Според асоцијацијата на земјоделците, министерството за одбрана првично планирало да заграби уште поголема површина земјиште за воени цели, но по нивната интервенција и бројните реакции од јавноста, зафатот бил намален.
„Иако ја разбираме потребата од зајакнување на одбраната, мора да потсетиме дека и земјоделството има стратешко значење за Холандија“, вели организацијата на земјоделците.
Кога Холандија беше во вистинска опасност, во мај 1940, капитулираше за пет дена.