Трамп и Маск ја спукаа за сите пари

Сеирџиите предвидоа, чекаа и дочекаа. Претседателот Трамп и милијардерот Маск веднаш штом ја прекинаа врската од интерес се спукаа со лични навреди и политички обвинувања. Со гнасотии, лудаци, епштајни, импичменти, дијагнози, сè до тесли и вселенски бродови. Кој знае колку тешко им било да се воздржуваат во 129-дневното пријателство. Давајте од тоа пуканките.

1: Маск се спротивставил на „Големиот убав закон“ кога открил дека се кратат субвенциите за електрични возила.

ДТ: „Тој подобро ја знаеше содржината на законот подобро од кој било што седи тука. Немаше проблем. Тој го разви проблемот кога откри дека ќе ги кратиме субвенциите за електричните возила“.

ИМ: „Нема да имам проблем со кратењето субвенции ако републиканците не ја исчистат оваа одвратна свињарија од непотребни трошоци во законот“.

2: Трамп го нарече Маск „лудак“.

ДТ: „Му го одзедов мандатот што ги принудуваше сите да ги купуваат електричните возила кои никој не ги сакаше (а знаеше со месеци дека ќе го направам тоа!) и сосема ПОЛУДЕ. Најлесниот начин да се заштеди пари, милијарди и милијарди, е да се поништат владините субвенции и договори за Илон“.

ИМ: „Спејс Икс веднаш ќе почне да ги демонтира своите летала Драгон“.

3: Маск страда од „трампово растројство“.

ДТ: „Илон работеше напорно во ДОГЕ и ми се чини дека му фали позицијата. Не само Илон, и други луѓе кога заминуваат им фали толку многу па развиваат ТДС (синдром на трампово растројство)“.

ИМ: „Толку неблагодарно“.

4: Маск е заслужен за победата на Трамп.

ИМ: „Без мене Трамп ќе ги изгубеше изборите, демократите ќе го освоеја Претставничкиот дом, а републиканците ќе имаа предност од 51-49 во Сенатот“.

ДТ: „Ќе победев во Пенсилванија и без Илон“.

5: Трамп е во тефтерите на Епштајн.

ИМ: „Време е за големата бомба. Трамп е во документите на Епштајн. Затоа не ги објавуваат. Имај убав ден ДЏТ“.

ДТ: ...

6: Маск ќе формира партија.

ИМ: „Време ли е за нова политичка партија во Америка, која навистина ќе застапува 80% од средната класа?“.

7: Поддршка за импичмент на Трамп.

ИМ отворено поддржа објава на Икс: „Трамп треба да биде отповикан и да биде заменет со ЏД Венс“.

6 јуни 2025 - 10:28