Вести

Русија не сака војна со Европа

Москва нема за цел да ја тестира отпорноста на НАТО, туку да ѝ наметне трошоци на Европа, онака како што оваа прокси војна во Украина ја чини неа. Многумина во Европа гледаат на дијалогот со Москва како награда. Но, ниту Европа ниту Русија не можат да си дозволат повеќе војна во моментов.

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Речник

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Состојба на медиумите 2012

Излезе и годинашниот извештај на PEW центарот за медиумите. 1. Фејсбук и Твитер не се толку влијателни, 2. Медиумите секаде губат пари, освен на интернет, 3. Интернетот продолжува да доминира во раст на публиката.

Јаблан тргна по другата страна

Во Загреб почина човекот кому Џони Штулиќ му ја посвети една од своите најмадафака песни а тој својата ќерка ја крсти Азра.

Епл ја раситни стотката

Епл до утрово имаше купче од околу 100 милијарди долари во кеш (ама стварно). Само што објави како ќе ги потроши.

Таблици поскапи од автомобил

Властите на Шангај имаа проблем со огромниот број на нови автомобили. Сега граѓаните имаат проблем со ограничениот број на таблици.

Холивудскиот бункер на Хитлер

Булдожерите се подготвени да срамнат со земја спомен на еден многу бизарен дел од американската историја: генерал - штабот кој тамошните фанови на Адолф Хитлер го изградиле за да има човекот каде да дојде откако ќе победи во Втората Светска Војна.

Авганистан во живо

Снимка од една престрелка меѓу американската армија и Талибанците веројатно најдобро ги објаснува трошоците за војна во Авганистан.

Излегол од рајот но не и од училиштата

Дури 19 сојузни американски држави им дозволуваат на наставниците да им делат "воспитни" на учениците. Правото на педагошко плескање се користи во случаи на  'тешки облици' на непримерно поведение: фрлање хартија или зборување на час. 

Сè помал се тресе во ладна вода

Во Италија промените во начинот на живеење довеле до растење на рацете и нозете кај мажот. Но, во последниве 60 години неговиот пенис се смалил за околу 1 сантиметар.

Избори за иднината на порното?

Рик Санторум, најави дека ќе ја спасува Америка од порното. Како и за некои други работи кои ги најави и оваа никој не му ја побара.

#Твитеркеш

Што е разликата меѓу Твитер сметката на Лејди Гага и вашата? 30-те милиони долари што Лејди Гага ги направи од Твитер.

Престолнината на милијардерите

Москва ги победи Њујорк и Лондон како град со најголем број на милијардери во светот. И тоа трет пат во последните пет години.

Приведен авторот на KONY 2012

Ко-основачот на Invisible Children (KONY 2012) е приведен во Сан Диего... за мастурбирање... во јавност.

Во Грција се враќа маларијата

Драстичните резови во јавното здравство на Грција придонесоа во земјата да се вратат болести за кои се веруваше дека се искоренети а бројот на ХИВ позитивните меѓу зависниците да порасне за преку илјада проценти.

Микрософт Офис 15-ка

Микрософт го пушти Офис 15 како тест верзија за избрана група корисници. Една од овие копии заврши на рецензија на интернет.

Фејсбук и ајкулите

Ајкулите не се осамени ловци туку имаат способност да градат 'пријателства'. До вакво откритие е дојдено благодарејќи на тоа што биле посматрани со методологија користена за анализа на социјалните мрежи. 

Минус после збогум

Голдман Сакс изгуби над 2 милијарди долари, само еден ден по објавувањето на прошталното писмо на еден од нивните извршни директори во Њујорк Тајмс.

40 работи што не сте ги знаеле за Кум

На 15-ти март 1972. Кум ја имаше својата премиера. 40 години подоцна, тој е еден од најлeгендарните наслови во историјата на филмот.

Ајде да се лечимо да нам очи сјаје

Звучи тотално погрешно ама има есап, а тоа некогаш е врвен критериум во модерното здравство. Канадска студија покажала дека на тешките зависници од хероин е подобро (читај: поевтино) наместо метадон да им се дава диацетилморфин. Да преведеме на нашки: диацетилморфинот Е хероин.

Колку чини да работи интернетот?

Иако нема прецизна бројка која е конечната сметка на крајот од годината, проценките се дека тоа не би требало да биде повеќе од 200 милијарди долари.

Рекламите што вести значат

Мината година американските весници заработиле 23,9 милијарди долари од рекламирање. И тоа не е добро.

Што вака подуени?

Дански научник нуди прекрасна теорија за смирување на совеста за нашата килажа. Ни брза храна ни чмаење пред ТВ/ компјутер - стануваме дебели од воздухот што го дишеме.

Гугл што веќе не е тоа

Постојат два Гугл-а, пред Гугл+ и потоа. Овој вториов, ништо не прави. Сè заради Фејсбук.

На лагата долга и е креативноста?

Креативните луѓе е многу поверојатно да бидат нечесни а потоа под притисок на бељата што ја направиле да бидат уште покреативни.

Википедија не ја уби Британика

Најпознатата печатена енциклопедија всушност ја изгуби битката многу пред појавувањето на отворената енциклопедија.