Википедија не ја уби Британика

Најпознатата печатена енциклопедија всушност ја изгуби битката многу пред појавувањето на отворената енциклопедија.

Во целата приказна за падот на Британика, лесно се заборава улогата на Енкрата. Британика банкротираше во 1996-та, неколку години пред Џими Велс да ја пушти отворената енциклопедија. Во 1990-та, компанијата имаше приходи од 650 милиони долари. Во 96-та, компанијата беше продадена за вкупно 135 милиони долари. Она што се случи помеѓу беше Енкарта.

"Не дека Енкрата го направи знаењето евтино. Туку технологијата ја наметна својата улога како 'предност' што родителите можат да ја купат за своите деца. Тие им купуваа нов компјутер, наместо Британика," објаснува историчарот Јони Еплбаум.

Во времето пред општата раширеност на персоналниот компјутер енциклопедијата во вашата дневна соба беше тотем, доказ за вашите гости дека дневната соба не ви е комплетно посветена на телевизорот.

Како што објаснува Еплбаум, проектот на Британика како печатена творба подеднакво беше наменет за создавање на привид на знаење колку што беше за самото знаење што го нуди.

"Британика продаваше книги во вредност од 250 долари за 1500 долари, на родители од средната класа кои сакаа да купат некаква предност за своите деца," објаснува Еплбаум, повикувајќи се на студијата "The Crisis at Encyclopædia Britannica."

Дури и самите пазарни истражувања спроведени од Британика, покажале дека просечниот сопственик на енциклопедија ги отвора книгите помалку од еднаш годишно.

Не дека Енкарта му донесе пари на Микрософт, или дека Британика не разви сличен производ за ЦД и за на веб (тие ја имаа првата цд енциклопедија во 1989-та и Британика онлајн во 1994-та). Но, Енкарта беше евтина, мултимедијална, не сеопфатна енциклопедија која му помагаше на Микрософт да продава компјутери. А кога еднаш го имаш компјутерот во дневната соба, битката беше изгубена за Британика.

15 март 2012 - 09:38